Професорот од Гана доби комјутери

Професорот од Гана, Ричард Апија Акото ги собра симпатиите на светот со начинот на кој им предава информатика на своите ученици-само со табла и со талент за цртање, . Во услови кога немаше компјутер, тој со цртање им објаснуваше како работи „мајкрософт ворд“. И така секој ден. Приказната сега доби продолжение: во основното училиште „Бетанесе“ во градот Секједумасе на југот на Гана пристигнаа неколку компјутери и лаптопи, донирани од поединци и организации.

Акото сега може да предава како вистински професор по информатика, а откако „Мајкрософт“ вети дека ќе му обезбеди полна обука, тој отпатува за Сингапур на годишна Образовна програма на компанијата. Технолошкиот гигант му вети и дополнителна помош во професионална опрема.

Училиштето беше без компјутер од 2011 година, а учениците на Акото мораа да полагаат национален испит, што вклучува и прашања по информатика и комуникациски технологии, за прием во средно училиште.

„Господ да ве благослови сите“, кратко се заблагодари Акото на Фејсбук.

Scroll to Top