Пронајдени слики и бисти од Хитлер во подрумите на австрискиот Парламент

Четири слики и две бисти на Адолф Хитлер од времето на нацистичката епоха, беа случајно откриени во подрумот на австрискиот Парламент.

Нацистичките реликвии се пронајдени при подготвките за реновирање на заградата на Парламентот, изградена кон крајот на 19-от век.

„Не е никакво изненадување да се пронајде нешто вакво во зграда стара 130 години. Знаеме дека во време на Втората светска војна во оваа зграда било сместено седиштето на Нацистичката партија, па очекуваме да пронајдеме и други работи“, соопшти прес-службата на австрискиот Парламент.

Претходниве недели, при преместување на предмети од зградата беа откриени и гоблени кои го краселе кабинетот на австро-унгарскиот император Франц Јозеф во 80-те години на 19-от век.

Scroll to Top