Пронајдени тетоважи стари 5.000 години

Тетоважи на див бик и берберска овца стари преку 5.000 години се пронајдени на надлактиците од машка мумија. На надлактиците од женска мумија се најдени тетовирани мотиви со буквата S. Со тоа, ова откритие објавено во археолошкото списание Journal of Archaeological Science ги урна претходните докази дека првите тетоважи се направени пред 1.000 години во Африка. Истовремено демантира дека во Египет се тетовирале само жените и тоа од 3100 година пред наша ера.

„Истетовираните симболи се навистина неверојатни“, рекол Дниел Антоан, еден од главните археолози на проектот за истражување египетски мумии.

Тој смета дека истетовираните животни на машката мумија, особено бикот, асоцираат статус, моќ и полова зрелост на личноста. Бикот и берберската овца биле често застапени симболи во уметноста на древен Египет. Симболот S е најмногу е користен како декорација на керамиката од тој период.

Според археолозите, тетовираните мумии живееле помеѓу 3351 и 3017 година пред нашата ера, пред да почнат да се користат египетските хиероглифи, па затоа е тешко да се процени точното значење на истетовираните симболи. Истражувањето покажало дека процесот на тетовирање во древен Египет бил сличен на оној денешниот. Со помош на игла, под кожата се вметнувале елементи базирани на јаглерод, веројатно чад.

Scroll to Top