Пушела, пиела, јадела мрсно и слатки и доживеала 122 години

Жан Калмен од Франција имала 122 години и пет месеци кога починала во август 1997 година. Тогаш ја добила официјалната титула за најстара личност која некогаш живеела.

Тајната на својата долговечност, како што говорела, ја должела на тоа што работела спротивно од она што ѝ го велеле и препорачувале лекарите.

Жан пушела, пиела алкохол, најмногу црвено вино, јадела слатки и црвено месо. За појадок секогаш пиела по една-две шолји кафе.

Кога наполнила 111 години станала најстарата личност во Франција, а со 113 година и најстара во светот. На 114 година стана најстарата личност која се појавила на филм благодарение на малата улога во филмот „Винсент и јас“ од 1990 година.

Кога наполнила 116 години станала првата личност за која е забележано дека ги доживеала тие години, а со 120 години објавила и музички албум наречен „Љубовница на времето“.

На 122 години ја доби официјалната титула за најстарата личност која некогаш живеела.

Често јадела говедско, оброците ѝ биле зачинети и силни, а по ручекот знаела да запали и цигара и да испие чаша алкохол.

Кога наполнила 85 години почнала да станува во 6:45 часот и секое утро изговарала молитва. Додека седела во фотелја, правела вежби, а по тоа се туширала и се мачкала со маслиново масло.

Жан во 1896 година се омажила за Фернард Калмен, со кого била во брак до неговата смрт во 1942 година. Имале едно дете. До својата 109. година Жан живеела сама во куќата, а по тоа се преселила во старечки дом.

Починала во август 1997 година, речиси целосно слепа, но со оглед на годините кои ги доживеала, била релативно здрава.

 

Scroll to Top