Путин ќе владее со светот, никој нема да може да ја запре Русија

Прочуената бугарска пророчица, баба Ванѓа, која наводно го имала предвидено отцепувањето на Британија од Европската Унија, таканаречениот брегзит, потоа терористичките напади на 11 септември во Њујорк и формирањето на најголемата терористичка организација во историјата, ИСИС, успеала да предвиди уште еден голем настан клучен за иднината на светскиот поредок.

Баба Ванѓа, која починала во 1995 година, на 85-годишна возраст, имала предвидување за наредните векови, сѐ до 51, кога, според нејзините визии, ќе се случи крајот на светот.

Како што пишува „Бирмингем мејл“, таа предвидела дека Владимир Путин и Русија ќе завладеат со целиот свет.

Баба Ванѓа во 1979 година разговарала со писателот Валентин Сидоров, а во тој момент му го рекла следното: „Сите ќе се стопите како мраз, а само едно нешто ќе остане недопрено, а тоа е славата на Путин, славата на Русија. Ќе има премногу жртви, но никој нема да може да ја спречи Русија.

Понатаму Баба Ванѓа раскажала дека сите пречки што ќе му застанат на пат на Владимир Путин ќе бидат отстранети.

Жената чие вистинско име е Вангелија Гуштерова ослепела во детството кога наводно била подигната од торнадо, а тоа подоцна ја фрлило на земјата.

Оттогаш тврдела дека може да ја види иднината. Денеска има повеќе од милион луѓе во светот што веруваат дека таа имала паранормална способност, а меѓу другото, и телепатија и видовитост. Некои тврдат дека комуницирала дури и со вонземјани.

 

 

 

Scroll to Top