Путин треба да владее со Европа затоа што тој ги исполнува своите ветувања!

Во интервју за „Фајненшанл тајмс“ поранешниот извршен директор на Формула 1, Берни Еклстон, изјави дека е импресиониран од рускиот претседател.

Според зборовите на британскиот бизнисмен, Владимир Путин е човекот кој би требало да владее со Европа затоа што ги исполнува своите ветувања.

„Човек кој најмногу ме импресионира и кој треба да владее со Европа е господин Путин затоа што кога ќе вети дека ќе направи нешто тој и ќе го направи тоа. Тој е првокласна личност“, призна бизнисменот.

Во интервјуто дописникот на весникот се интересирал дали Еклстон ги одобрува „склоноста кон авторитет“, „недостигот на толеранција кон политичките противници“ и хомофобичната политика на рускиот претседател и неговата влада.

„Кога одев во училиште, ако направиш нешто погрешно наставниците ќе речеа: ‘Земи книга и стап, оди кај директорот за да добиеш неколку удари’. Путин токму со тоа и се занимава“, објасни Еклстон.

Новинарот  смета дека со оваа изјава бизнисменот ја оправдува репресијата.

Што доколку Русите кои заработиле неколку „удари“ не направиле ништо лошо туку само сакале да го искористат правото да го критикуваат својот лидер?

„По Олимпијадата во Сочи бев со Путин на врвот на една планина. Имавме состанок очи во очи кога наеднаш пристигнаа луѓе кои бараа автограм од него. Такво мислење имаат тие за него“, одговори Еклстон.

Еклстон продолжува да го шокира британскиот естаблишмент.

Конкретно, тој гласаше за излез на Британија од Европската Унија и има убави зборови за работата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, според неговите зборови, направил многу за светот.

Очигледно поради таквите изјави тој е отфрлен од политичките кругови во неговата земја,  тврди „ Фајненшанл тајмс“.

 

Scroll to Top