Ревија на фустани од чоколадо во Брисел

Љубителите на слатки и мода во Брисел присуствуваа на модна ревија на која беа прикажани креации направени од чоколада. Модната ревија е резултат на соработката меѓу дизајнери, готвачи и производители на чоколадо од 15 земји. Со вчеравечер неа се отвори тридневниот саем Salon du Chocolat во главниот град на Белгија.

Невообичаени чоколадни креации вклучуваат вечерни тоалети, коктел фустани до шешири.

На меѓународниот саем посетителите можат да вкусат производи од преку 130 изложувачи. Овој настан се одржува во земјата која е една од водечките светски производители на чоколадо.

Scroll to Top