Роден на Крф, а се одрече од Православието за да се ожени со Елизабета II – Принцот Филип ја објави последната кралска должност

Војводата од Единбург, служеше како морнарички офицер, за време на Втората светска војна, и беше генерал-капетан на силите на командосите.

Принцот Филип, 96 годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора, вчера се повлече од јавниот живот, откако присуствуваше на парадата на Кралските маринци, во Бакингемската палата, јавуваат агенциите.

Војводата од Единбург служеше како морнарички офицер за време на Втората светска војна, и беше генерал-капетан на силите на командостите. Принцот Филип во мај најави дека ќе се повлече од јавноста, подоцна оваа година.
Здравствената состојба и понатаму е добра, за човек на негови години, иако во јуни во болницата мина две ноќи, поради инфекција, чија причина засега не е откриена, напоменуваат француските агенции.

Важи за најстар машки член на британското кралско семејство, а од 1952 година, принцот објави дури 22.219 самостојни ангажмани.

Принцот Филип е роден на Крф во 1921 година, како член на Грчкото кралско семејство. Беше најмладо дете родено после четири сестри, а неговото семејство е исфрлено од земјата кога бил дете.

Неговиот дедо од страна на татко му, грчкиот крал Џорџе I, и синот на данскиот крал, Кристијан IX. Бабата од страна на татко му, била Олга Константинова од руското императорско семејство Романов. По мајчина линија, е потомок на британската кралица Викторија.

Се школувал во Германија, Франција и Велика Британија, а на 18 години пристапил на Британската Кралска воена морнарица во 1939 година, во која служел за време на Втората светска војна.

Во март 1947 година, се одрекол од титулата грчки принц, и го прифатил презимето Маунтбатен според британската верзија на мајчиното девојачко презиме Батенберг.

Истата година се оженил со британската престолонаследничка Елизабета, ќерката на кралот Џорџ VI, а и двете за прв пат се запознале во 1934 година.

Венчавката се одржа во Венсминстер Ебију, а церемонијата ја пренесуваше BBC радиото, кое во тој момент го слушаа дуро 200 милиони луѓе ширум светот.

Поради тоа ја промени и вероисповеста, па од православна мина во англиканска вера и ја доби титулата војвода од Единбург.

На венчавката не биле познатите негови сестри, кои биле омажени за германски принцеви, од кои неои имале дури и нацистички врски.

Британската кралица Елизабета II и принцот Филип имаат четири деца: Принцот Чарлс, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард. Нивниот брак важи за најдолг, кога се во прашање владејачките членови на кралсктото семејство.

Принцот е голем вљубеник во спортот и помогнал да се развива во повеќе од 789 организации. Тој е страствен ловец, а сака и да слика и да собира уметнички дела.

Бил прв член на кралското семејство кое летал во хеликоптер, и редовно и правел друштво на својата сопруга во текот на бројните должности во земјата и странство.

Принцот Филип во друштво на својот син принцот Чарлс, редовно ја посетувал Света гора. Тие сега се почесни членови на Англиското општество на пријателите на Света гора.

Последен пат принцот Чарлс приватно го посетил манастирот Хиландар, на 12 септември 2003 година, и во таа прилика бил воодушевен од убавината на српското духовно наследство, изјавија во прес службата на Патријаршијата SPC.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Англиското општество, на чие чело е Калистос Вер, епископот Диоклеје, исто така ги приложил првите 5000 англиски фунти за обнова на манастирот Хиландар.

Scroll to Top