Роси морала да бира меѓу сопругот и натпреварот „Бум Бум“

Во текот на натпреварувањето таа парадираше во бикини и ги воодушеви организаторите држејќи го знамето на Амазон, нејзината татковина, испраќајќи силна порака до претседателот на Бразил.
Светското познато натпреварување „Мис Бум Бум“, на кое се одбира најубавиот женски задник, се одржа во понеделникот во Сао Пауло во Бразил. Победничката е прогласена на крајот на вечерта и сите веруваат дека ја очекува блескава иднина.
Во финалето на натпреварувањето учествуваа четиринаесет дами, а убедлива победа однесе Роси Оливеира (28), убавица која ја претставува државата Амазон. Оваа убавица беше фаворит од самиот почеток, а работи како модел и репортер.
Кога била одбрана за натпреварување, таа изразила загриженост поради моменталната политичка состојба во својата татковина.
„Мојот најголем сон е да се смени политиката во Бразил. Потребни ни се мир, здравје, образование и безбедност за сите. Сакам да доживеам да видам политички реформи. Во моментов немам деца, а земјата во која живеам не ми овозможува да го остварам тој сон“, изјави таа.
Scroll to Top