Русин кренал камион со кран до балконот на саканата

Овој Русин одлучил љубовта да ја подигне на едно навистина повисоко ниво. И тоа во буквална смисла.

За да бидете сигурни дека вашата поранешна девојка ќе ви прости и дека ќе ви се врати, понекогаш морате да направите нешто навистина оригинално, како што овој Русин одлучил на својата девојка да ѝ направи изненадување по кое таа не можела да каже „не“.

Иако времето било дождливо, тој, сепак, изнајмил кран кој го подигнал неговиот камион до прозорецот на неговата сакана.

Не минало долго време, таа излегла на прозорец насмеана и воодушевена. Се покажало дека тука сè уште има љубов. Додека тоа се случувало, под саксофонист ја свирел нејзината омилена песна.

Камионот бил украсен со балони во облик на срце и лебдел во воздухот, а таа на крајот добила и цвеќе. Како изгледаше оваа романтична сцена, можете да погледнете подоле во видеото:

 

 

Scroll to Top