Руските генерали шокирани: Западот не знае што се може „Искандер“ ракетата

Откако се појави во руската војска, ракетниот систем „Искандер“, истиот предизвика нервоза кај Западот, затоа што го бие гла дека му нема рамен на светот по прецизност, разорна моќ, кратка подготовка за лансирање и други параметри.

Руските генерали велат дека на странските земји им било потребно најмалку седум години да направат ракетни комплекси во налик на ова руско чудо.

Командантот на Копнената војска на Русија, генералот-полковник Олег Саљуков изјавил дека странските држави би можеле да направат аналог на рускиот оперативен-тактички комплекс „Искандер М“, пред 2025 година.

Според неговите зборови, тој комплекс е високопрецизно, ефикасно оружје од кое можат да се лансираат балистички и крстаречки ракети, кои се во состојба да ги пробијат постоечките и перспективни системи на противракетната одбрана на праотивникот.

„Искандер М“ може да уништи непријателски ракетни системи, повеќецевни ракетни фрлачи, далемонетражна артиларија, командно место, авиони и хеликоптери на аеродроми на растојани до 500 километри како и местата за комуникација меѓу непријателите. „Искандер“ како што велат познавачите е своевиден гарант за рамнотежа на силите во Европа.

Руските воени експерти истакнуваат дека „Искандер“ е напредно оружје кое нема пандан во арсеналот на западните војски, а може да носи и нуклеарни боеви глави. Како што велат, по многу работи, тој е револуционерен и единствен систем, чија ефикасност ја признал целиот свет.

„Искандер“ е единствен систем на руската одмбрамбена индустрија, која е фокусирана на нови достигнувања во областа на изградбата на ракети, прецизна навигација, механика и наука во материјалите.

Тоа оружје може да уништи различни објекти, најразличен спектар на аеробалистички и крстаречки ракети.

Не е случајно што наскоро ќе биде завршен процесот на пренаоружувања на ракетната бригада на Копнената војска на Русија и што тие преминуваат на оперативно-тактички ракетни комплекси „Искандер М“. Цел свет ја признава високата ефикасност на ова оружје.

Сите лансирања, кои ги симулирала воената подготвеност, покажале висока ефикасност и хируршка прецизност на овој систем“, изјавил за Спутник, воениот експерт Игор Коротченко.

Според негово мислење, на Западот ќе му биде тешко да создаде пандан на ваквиот ракетен систем.

Во тек е надметнување меѓу конструкторските школи и конструкторите на разни земји.

„Но, според мое мислење, корпорациите кои се занимаваат со развој на оружје, ќе им биде потребно многу години работа и десетина милијарди долари, за да направат нешто слично на „Искандер“, а да не споменуваме колку би им било потребно да направат ракетен систем кој ќе го надмине истиот“, нагласил Коротченко.

Претходно од Министерството за одбрана на Русија, бил одобрен планот за модернизација на оперативно-тактичките ракетни комплекси за „Искандер М“. Се очекува системите кои ќе бидат во различни модификации, руската војска да ги користи во наредните 20-30 години.

 

Scroll to Top