Семејни гуми хит за ова лето

Гумите за плажа со фламинга и лебеди што беа хит лани веќе се минато. На нивно место дојдоа семејните гуми со платформи на кои може да се сончаат или релаксираат шестмина. Производителите сметаат дека се идеални за група пријатели или за цело семејство.

Прв во продажба ги пуштил американскиот производител „Семс клаб“. Нивната цена е околу 150 евра, но тие се продаваат многу брзо, а купувачите се воодушевени. Засега ги има во три вида – фламинго, еднорог и паун.

 

Scroll to Top