Северна Кореја киднапирала американски воен брод

Пред точно 50 години Северна Кореја за првпат на дело ја покажа својата моќ и зошто никогаш не треба да биде предизвикана.

Морнарицата на Пјонгјанг на 23 јануари 1968 година нападнала и киднапирала американски шпионски брод USS Pueblo, нешто што најмоќната нација на светот никогаш не им го простила.

Бродот имал за цел да собере што е можно повеќе податоци за мистериозната нација и вооружувањето со кое располага.

Корејците немале милост, еден член на екипажот бил убиен, а 82 заробеници биле малтретирани година дена.

Американците барале од Северна Кореја веднаш да им биде вратен бродот и да се ослободат заробениците, нешто за што Пјонгјанг не сакал ни да слушне.

САД во обидите да го убијат тогашниот претседател на Јужна Кореја за првпат имале можност да видат за каков непријател се работи.

Пјонгјанг тврдел дека американскиот брод се движел во водите на Северна Кореја. Горди како и секогаш, Американците ги негирале ваквите тврдења.

Врховниот генерал на Северна Кореја, Пак Чанг-кук, барал извинување со што ќе се потврди дека ја зборуваат вистината и до него дошле по година дена дипломатска војна.

САД во тоа време учествувале во војната во Виетнам и биле присутни околу Јужна Кореја. СССР, од друга страна, испратил бродови во Јапонското Море поддржувајќи го режимот на Пјонгјанг, па светот се спасил од почетокот на Трета светска војна.

На крајот, сè завршило без испален куршум, иако заробените Американци минале низ невидена тортура, година дена изложени на глад, мачења и испрашувања.

Северна Кореја профитирала во овој конфликт затоа што го задржала бродот.

Што се однесува до Американците, претседателот Линдон Џонсон примил еден куп барања за влегување во војна со Северна Кореја. Тој ја сочувал прибраноста и избегнал целосна катастрофа.

Заробениците се пуштени за време на Божиќ, а Северна Кореја и денеска ужива во сеќавањата на овој случај затоа што тоа била првата победа над моќниот противник.

Бродот денеска се наоѓа во реката Потонг, како дел од воениот музеј во Пјонгјанг.

 

 

 

 

 

Scroll to Top