Момче изрешетено со 15 куршуми оти го навредил мексиканскиот наркобос

Хуан Луис Лагунас Розалес е роден во мексиканската држава Синалоа, место каде што владеат наркокартелите и земја позната по мексиканскиот нарколорд Хоаким Гузман, познат по прекарот Ел Чапо.

Лагунас никогаш не го запознал својот татко. Мајка му го оставила со баба му кога бил дете.

Кога имал 15 години, го напуштил својот роден град без да заврши средно училиште и отишол во општината Кулијакан, каде што со миење автомобили заработувал за живот. Во овој град ќе го добие прекарот по кој подоцна ќе стане познат на сајбер-просторот: El Pirata de Culiacan или „Пиратот од Кулијакан“.

Почнал со поставување снимки од тоа како се опива, а на 17 години веќе имал повеќе од милион фанови на „Фејсбук“ и повеќе од 300.000 на „Инстаграм“.

Scroll to Top