Снег на Флорида по 30 години

По триесет години на Флорида, САД падна првиот снег. Ова е предизвикано од силната циклонска бура што го зафати тој дел од Америка.

Студот и снегот што деновиве ги зафатија Америка и Канада се толку силни, што луѓето не излегуваат на улица без потреба, а градските власти во двете земји апелираат сите да се дома до зајдисонце, кога во некои делови температурата паѓа до -40 степени.

Досега во Америка има 18 мртви, премрзнати на студот. Властите во Канада, пак, се обидуваат да најдат брзо решение за згрижување на бездомниците, кои се во многу голем број.

„Ваква студена зима немало никогаш“, стои во една од бројните објави на „Твитер“.

Scroll to Top