Сомнително писмо предизвика зараза во американска база

Три лица се префрлени во болница, а 11 почувствувале здравствени тегоби кога во американската воена база во Арлингтон, во Вирџинија, било отворено писмо, соопштија од противпожарната служба и портпаролката на воената база.

„Некој отворил писмо и на сите во канцеларијата им се слошило“, изјавила Леа Рубалкаба, портпаролката од здружената база Мајер-Ендерсон хол.

Три лица се префрлени во болница и се во стабилна состојба, соопштиле преку „Твитер“ од огнено-спасувачката служба Арлингтон.

Писмото е отворено во делот на базата на Маринскиот корпус во близина на Вашингтон.

„Во базата е примено писмо во кое имало непозната супстанција. Персоналот во загрозената зграда веднаш презел превентивни мерки евакуирајќи го тој објект“, соопштиле од Маринскиот корпус на „Твитер“.

Scroll to Top