„Статуафест“ – уличен фестивал на живи статуи во Гевгелија

На 23 септември (сабота) во Гевгелија ќе се одржи уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“. Живите статуи се уметност што е застапена речиси во секој дел во светот. Ваквиот вид уметност е многу специфичен, но речиси и да не е застапен во нашата земја.

„За да го доближиме овој вид уметност до нашите граѓани, решивме да создадеме проект што ќе ја претставува токму живата статуа“, рекоа организаторите.

 

На „Статуафест“ учество ќе земат седум изведувачи – живи статуи, двајца актери кои ќе ја играат уличната танго-пантомима претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“, а музички сет ќе има диџеј Чарли. Како живи статуи ќе настапат: Театроск – „Лулашка“, Д Дарлинг – „Виолинистка“, Филип Илиев – „Принцот“, Тони и Фона – „Чаплин и детето“, Дарко Велјиќ – „Човекот на клупата“.

Фестивалот почнува во 18 часот и трае до 23 часот.

 

Scroll to Top