Стресот предизвикува намалување на мозокот

Новата студија во Универзитетот „Јејл“ открила дека стресниот живот може да доведе до намалување на важни делови од мозокот.

До ваквото откритие дојдоа истражувачи од Универзитетот „Јејл“, кои откриле намалување на количината сиви делови од мозокот што ги контролираат физиолошките и емоционалните функции.

Според соопштението што било издадено на интернет-страницата на Универзитетот „Јејл“, на повеќе од 100 здрави испитаници им било спроведено скенирање и магнетска резонанција во периодот додека одговарале на прашањата за потенцијалните трауматски периоди од своите животи, како, на пример, губење на саканите, работата или куќата.

Авторот на проектот и доцент по психијатрија, Емили Ансел, дополнително навела во соопштението дека зголемениот стрес, доколку трае подолг период, може да влијае на способноста на некои од луѓето потешко да ги обработуваат идните стресни ситуации.

„Мозокот е динамичен и пластичен и работите можат да се подобруваат, но само ако стресот го третираме на правилен и здрав начин“, вели Синха.

„Доколку го правиме спротивното, тој може да има негативно влијание и на нашето физичко и ментално здравје“, дополни таа.

Scroll to Top