Тајниот говор на телата на Доналд Трамп и ќерка му Иванка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, исклучително е поврзан со својата ќерка Иванка, која во моментот е ангажирана како советничка во Белата куќа. За нивниот однос медиумите често пишуваат, а експертите за говор на телото го анализираа нивното однесување.

Таа го зазеде неговото место во текот на еден собир на самитот на Г20 бидејќи тој присуствуваше на билатерални состаноци. Тоа иницира доста прашања на меѓународно ниво, а многумина го протолкуваа ваквиот потег како неумесен.

Дека таткото и ќерката имаат исклучително комплексен однос, покажуваат и многуте коментари што Трамп ги кажа на сметка на физичкиот изглед на ќерката.

Според зборовите на експертите, луѓето може многу да научат за нив врз основа на тоа како Трамп се однесува и како ќерка му реагира на него.

Рут Шерман вели дека Иванка во јавноста изгледа поубедливо од Доналд Трамп.

Таа пораснала под светлината на рефлекторите. Секогаш била со познатите родители, па научила како да се однесува во јавност, како да се фотографира и слично.

Ник Морган, експерт за говор на тело, смета дека атрикулираноста и однесувањето на Иванка Трамп е производ на присуството на Доналд Трамп.

„Иванка и маж ѝ се однесуваат баш онака како што јавноста тоа и го очекува од нив. Колку повеќе ги набљудував, сфатив дека само тие изгледаат како да се кријат. Постои голем контраст меѓу нив и Трамп“, вели Морган.

Тони Реиман ја анализира меѓусебната интеракција на татко и ќерка.

„Кога тој зборува за нив, таа полека се движи за да се затвори. Кога јавно изјави дека би излегол со неа доколку не му била ќерка, вие можете да видите како таа се повлекува во себе“, изјави тој.

Scroll to Top