Тим Кук од „Епл“ годинава доби подарок приватен авион

Во текот на фискалната 2017 година на главниот директор на „Епл“, Тим Кук, му биле исплатени 3,06 милиони долари плата и 9,33 милиони бонуси, а добил и акции во вредност од 89,2 милиони долари.

Кук вкупно заработил 102 милиона долари (доколку ги продаде акциите по цена по која и ги добил).

Податоците за заработката на генералниот директор на „Епл“ ги објави американската регулаторна агенција Securities and Exchange Commision (SEC).

Најдобро платената директорка, Ангела Ахрендс, шефицата на „Епл“ ангажирана за продажба, годината ја завршила со 24.216.072 долара.

Со податоците за примањата на челните луѓе, во објавата на SEC се и информациите за тоа дека надзорниот одбор на „Епл“ инсистира да знае како Кук го користи приватниот авион за своите патувања, дали станува збор за деловни или летови од приватен карактер. Како причина за ваквиот потег се наведени безбедноста и ефикасноста.

Во текот на годината трошоците за патувањата со авион на Кук досегнаа 93.109 долари.

„Епл“ потрошил дополнителни 224,216 долари за неговото лично обезбедување.

 

Scroll to Top