Ураганот Офелија пристигнува во Европа

Ураганот Офелија кој се формираше над Атлантикот прерасна во ураган од прва категорија. Се претпоставува дека тој може да погоди делови од Европа, односно да стигне до португалските Азорски Острови, по што би требало да дојде до Ирска.

„Офелија е десетта бура оваа сезона во Атлантикот која добила име, а тоа не се случило од 1893 година“, изјави метеорологот Фил Клоцбах, експерт за тропски бури кој работи на Универзитетот во Колорадо.

Жариштето на бурата би требало да остане далеку од копното, но нејзините рабови, токму кога ќе преминува од тропска бура во пост-тропски циклон, ќе донесат силен ветар и пороен дожд на западниот брег на Шпанија и Португалија.

Ова, истовремено ќе донесе и повисоки температури на територијата на цела Европа.

Scroll to Top