(Видео) Браќа близнаци запросиле сестри близначки

Двајца идентични браќа близнаци  побарале за сопруги две сестри идентични близначки и сега планираат заедничка венчавка. 34-годишните Џош и Џереми Салиерс ги запознале 31-годишните Британи и Бриана Деан минатиот август, кога сите заедно посетувале фестивал за близнаци во американската држава Охајо.

Според Бриана, моментот кога се запознале бил магичен.

„Беше како во филм, сите четворица веруваме во поврзаност на душите и веднаш се поврзавме“, вели таа.

Бриана ќе се омажи за Џереми, а нејзината сестра Британи ќе се мажи за Џош.

Scroll to Top