(Видео) Го терал синот да трча по дождот до училиштето и назад

Видеоснимката што  прикажува како татко што го натерал синот да трча по дождот до училиштето и назад крена голема прашина и многубројни коментари на социјалните мрежи.

Момчето одело на училиште со автобус, но е исфрлено поради насилничко однесување, па сега добило казна.

Таткото решил да го научи на памет за да не ја направи повторно истата работа. Цело време се движел со автомобилот зад него и го снимал, со што покажал дека се грижи за неговата безбедност.

Со овој гест таткото сакал да му стави до знаење дека секое негово однесување си носи последици.

 

Scroll to Top