(ВИДЕО) Сопруга на руски политичар гола го поддржува за новите избори

Сопруга на руски политичар се соблече гола и се фотографираше со уште осум голи девојки. „Се гледаме на избори“, пушува на транспарентото на девојките.

Во рускиот град Аркхагеласк граѓаните добија посебен вид охрабрување да излезат на претседателските избори на 18 март во вид на разголена фотографија.

Јулија Диатлова, сопруга на Александр Диатлов, претседател на партијата Соединета Русија, одлучи да го поддржи својот сопруг позирајќи гола во друштво со исто така 8 голи девојки.

Тие во рацете држи напис: „Ние одиме на избори“.

Фотографијата се споделувала на социјалните мрежи со пораката:„ Се гледаме на избори“.

– Не ни е сеедно каква ќе биде иднината на нашата земја. Сигурни сме дека млади луѓе треба да излезат на избори затоа што изборите се основа на развојот на граѓанското општество и демократијата. Со оваа фотографија сакавме да покажеме дека различни делови од општеството се вклучени во изградбата на нашата земја, а креативните млади луѓе не би требало да бидат исклучок, раскажала Јулија за порталот 29.ру.

Scroll to Top