(Видео) Илјадници луѓе живеат во град под земја во Австралија

Во Австралија постои вистински град кој се наоѓа под земја. Направен е на местото на еден напуштен рудник. Неговото име е Кобер Пери и е еден од најинтересните места на светот.

Овој град за кој многу малку се знае е живеалиште на илјадници луѓе. Подземниот град Кобер Пери е скриен во австралиската пустина под милиони тони песок.

Таинствениот Кобер Педи инаку, е основан во далечната 1915 година кога таму биле откриени наоѓалишта на опал. Но, поради високите температури и големата жештина , луѓето почнале да живеат под земја.

Луѓе од сите краеви на светот во потрага по опал се доселувале во жешката австралиска пустина.

Кога биле под земја во рудниците на рударите им било пријатно, но голем проблем настанувал кога тие ќе излезеле од длабочините на рудникот на жешкото сонце, каде не можеле да ги издржат високите температури. Поради тоа одлучиле старите и напуштени рудници да ги претворат во свои домови.
Денеска во Кобер Педи живеат повеќе од 4000 луѓе. Во градот има и неколку подземни хотели, продавници, музеи и цркви.

Домовите се еднакво модерни како и оние дан земјата ,Кобер Педи стана туристичка атракција.

Scroll to Top