(видео) Кит спаси девојка од морски лав во Пацификот

Девојката Нен Наузер, која нуркала во океанските длабочини на Пацификот, била нападната од морски лав, а останала жива благодарение на огромен грбав кит, кој ја заштитил со своите долги перки туркајќи од од крволочниот ѕвер, пишува dailmail.co.uk.

Оваа величествена средба се случила во октомври минатата година, а Нен тврди дека ова е доказ дека грбавите китови интуитивно се ставаат во улога на заштитници на другите видови. Тоа досега не е забележано на видео.

„Не бев сигурна што сакаше да направи китот кога ми се приближи, но не престана да ме турка повеќе од 10 минути. Имам поминато 28 години под морето со китовите и никогаш не сум сретнала таков кит, се обиде да ме смести под перките и да ме заштити. На некој начин ми беше и забавно затоа што јас сум еден од авторите на делото ‘Правила и прописи на однесување со китовите’. Се залагам против нивното малтретирање, а сега еден од нив ме малтретираше мене“, низ смеа изјави Нен.

„Минав 28 години бранејќи ги китовите, а во тој момент не сфатив дека тој ме бранеше мене!“, изјави Нен.

Видете:

Scroll to Top