(Видео) Куче спасено од утробата на анаконда

Корисниците на социјалните мрежи можеа да сведочат за херојството на тројца Бразилци кои се обиделе да спасат куче од анаконда.

На почетокот на снимката може да се види како змијата, кога го уловила пленот, се вратила во реката.

Според Ендру Бароу, кој ја објавил снимката, кучето исчезнало од фармата и по направената потрага, забележале дека е во голема опасност.

Мештаните бргу тргнале во акција за да го спасат својот миленик, кој сигурно ќе настрадал доколку навреме не реагирале. Еден човек ѝ ја фатил опашката на анакондата, а друг му помогнал за да го извлечат предаторот од водата. Таа цело време цврсто го стегала кучето.

Кога ја извлекле на суво, јасно се видело како нејзиното тело било замотано околу главата на кучето. Еден од селаните почнал да го извлекува кучето, а на крајот зел стап и почнал да ја мава змијата.

По неколку удари, успеале да го ослободат кучето.

 

Scroll to Top