(видео) Мал териер се спаси од вилицата на волк

Во една куќа во предградието на Чикаго во САД безбедносната камера снимила момент во кој прериски волк напаѓа мал териер.

Кученцето не само што успеало да го преживее бруталниот напад од страна на дивото животно туку успеало и да покаже заби додека било влечено по земјата.

За среќа, во тој момент стигнала сопственичката на кученцето, која го исплашила прерискиот волк, кој веднаш избегал.

Кученцето на крајот завршило со крвава глава, но имало среќа што воопшто останало живо.

 

Scroll to Top