(Видео) Мистериозно суштество проголтало ајкула со еден залак

Научниците во Австралија ставиле уред за следење на бела ајкула, но она што го откриле ги вчудоневидело.

Следејќи го нејзиното движење, во еден момент, мониторот што и го ставиле на нејзе, испливал на околу 4 километри од местото каде што ја оставиле.

Со читање на податоците, утврдиле дека ајкулата одеднаш потонала на огромна длабочина од 580 метри. Но, освен ова, нејзината температура за само една секунда се зголемила од 7 на 25 степени целзиусови, што е возможно само доколку ајкулата се наоѓа во стомакот на некое друго живо суштество.

Научниците останале зачудени и немаат одговор што би можело ајкулата така да ја голтне во еден залак.

 

Scroll to Top