(Видео) Најопасните аеродроми на светот

Во Франција, Португалија и Шкотскасе наоѓаат три од десетте најопасни аеродроми на светот. Ако во некои од авионите треба да аплаудирате по успешното слетување, тогаш тоа е кога ќе слетате на една од овие писти:

Прицезата Јулијана – Свети Мартин, Карибите

Овој аеродром се наоѓа на холандскиот дел од островот Сент Мартин. Тоа е вториот најпрометен аеродром во источниот дел на Карибите. Авионите овде летаат 20-30 метри над главата на туристите.

Аеродормот е познат по кратката писта за слетување, долга 2180 метри, која е едвај доволна за големите авиони. Поради тоа кога ќе слетаат на островот летаат многу ниско, над Махо плажата. И покрај тешкиот пристап, досега немало големи инциденти при слетувањето.

Хуанхо, Саба (Холандските Антили)

Најкратката патека за слетување се наоѓа на островот Саба. Долга е само 400 метри. Пилотите при слетувањето и полетувањето на неа се соочуваат со силни ветришта. Опасноста е во неговата позиција заради сокриеното високо брдо, а на секој крај на пистата има карпи кои се спуштаат во морето.

Дава можност да авионот слета низ пистата за време на слетувањето и да заврши во морето. Аеродромот би требало да биде затворен за употреба, но властите и понатаму го користат за помали авиони и хеликоптери.

Мадеира, Португалија

Foto: Wikipedia/Antonio57

Аеродромот Мадеира во Португалија се наоѓа меѓу планините и Атланскиот Океан. За време на слетувањето, пилотите прво го вртат авионот кон планините и потоа во последните моменти нагло вртат надесно. Оригиналната должина на пистата била 1400 метри но продолжена е за уште 400 по инцидентот во 1977 година, а потоа изградена е во 2003 година, кога пистата е продолжена за речиси два пати и тоа над океанот.

Аеродромот Лука, Непал

Овој мал аеродром се наоѓа во градот Лукла на истокот на Непал. Во јануари 2008 година преименуван е во чест на Сер Едмунд Хилари, човекот кој го освои врвот на Монт Еверест.

Се наоѓа на надморска висина од 2900 метри. Пред секое доаѓање на авионот, жителите добиваат звучен сигнал, кој ги предупредува да обрнат внимание и не излегуваат од дома без некои посебни потреби.

Куршевел, Франција

Foto: Wikipedia/Hugues Mitton (hugovoyages)

Сместен е во француските Аплими во непосредна близина на познатото зимско одморалиште. Ова воедно е еден од најмалите аеродроми на светот. Карактеристичен е по кратката писта од 525 метри и агол од 18,5 %. Пистата е толку кратка што авионот слетува на почетокот на пистата за да успеете да забави и да застане до крај.

Бара, Шкотска

Аеродромот се наоѓа на плажата Траи Мор. вионите кои летаат попладне не секогаш ја гледаат целата писта. Затоа навечер околу неа има неколку паркирани возила кои со фаровите им обезбедуваат на пилотите светло.

Ајс Ринк, Антарктик

На овој аеродром авионите слетуваат на лизгалиште. Пилотите кои слетуваат тука велат дека дебелината на мразот е толку голема што нема разлика дали авионот ќе слета тука или на бетонската писта.

Гибралтар

Овој аеродром е сместен меѓу Средоземното море и шпанскиот град Алгекирас. Има писта, која е уште пократка од онаа на Карибите, се на се 1830 метри, што од пилотите бара исклучителна прецизност. Освен тоа, го пресекува делот од патот кој води кон копнената граница со Шпанија, и затоа мора да се затвора во моментите на слетување или полетување.

Тонконтин, Хондурас

Во моментите на слетување се лета над планините, а пилотите мораат да направат маневар и да свртат лево за 45 степени, пред авионот да го допре тлото. И оваа писта е кратка,само 1864 метри и се наоѓа во непосредна близина на куќата, патиштата и ресторанот, како и бензиска пумпа.

 

Scroll to Top