(Видео) Охрид поплавен од езерото

Силен ветер со брзина помеѓу 80 до 100 километри на час вчера го погодија Охрид и околината при што брановите ги оштетија платформите на угостителските објекти долж крајбрежјето.

Силниот ветер во Охрид и охридско кој на моменти достигнува брзина од над 90 километри на час предизвика штети, но за среќа засега нема повредени лица. Од силните удари на ветерот падна лимен покрив, откорнати се или скршени дрвја, кои оштетија повеќе автомобили, а во крајезерската населба Пештани, поради паѓање на дрво беше предезвикан прекин во снабдувањето со електрична енергија и мал застој во сообраќајот.

На повеќе места во градот има паднати гранки од дрвја, кои за среќа не предизвикаа големи штети. Силниот јужен ветер го разбранува езерото при што големите бранови ги поплавија платформите, но и дел од угостителските објекти долж крајбрежејето.

 

Scroll to Top