(Видео) Српскиот голман Дмитровиќ го излуде Роналдо

Кристијано Роналдо го преживеа слабиот период од почетокот на сезоната. Со два гола сега Португалецот му донесе на кралскиот клуб Реал Мадрит триумф на незгодното гостување кај Еибар.

Во два наврати го матираше српскиот голман Марко Дмитровиќ кој се најде на најновиот список на тренерот Младен Крстајиќ. Младиот Крстајиќ не можеше ништо против официјално најдобриот фудбалеер на светот во изборот на ФИФА.

Роналдо го совлада во 34 минута, откако го искористи сјајното додавање од Модриќ, кој му ја пресече топката на играчот на Еибар во противничката половина, а потоа хируршки прецизно го проигра Португалецот, кој излезе сам пред Дмитровиќ и шутираше силно во поблискиот агол.

 

Еибар во 50 минута преку Иван Рамис по корнерот го изедначи резултатот и домаќините беа блиску да останат непоразени.

Со тоа не можеше да се помири Роналдо, кој во 84 минута го постигна победоносниот гол. По сјајниот центаршут Карвахал од десната страна со силен удар со глава од петерецот ја испрати топката над главата на Дмитровиќ, кој не можел да направи ништо во таквата ситуација.

Сепак мора да се каже дека Дмитровиќ бил најзаслужен што неговиот тим остана во игра до крајот на мечот, затоа што имаше неколку феноменални одбрани, поради кои дури и Роналдо целосно излуде, и во неверување гледаше како му ги одбрани шутевите. Посебно чудесен беше тој кој го имаше на крајот на мечот.

Scroll to Top