(Видео) Во Абу Даби се отвора „Лувр“

Во текот на следниот месец музејот „Лувр“ ќе отвори своја галерија во Абу Даби. Ова се случува речиси 11 години откако Франција и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за изградба на овој музеј. Во музејот во Абу Даби ќе има 700 експонати, повеќето позајмени од „Лувр“ во Париз.

Франција ќе заработи 445,2 милиони евра со тоа што на Абу Даби им го дава правото да го користат називот „Лувр“, а дополнителни 636 милиони евра ќе добијат француските стручњаци и менаџери задолжени за уметничките дела.

Новиот музеј е сместен на островот Садијат и изгледа како да плови во Персискиот Залив.

Scroll to Top