(ВИДЕО) Во оваа сиромашна населба снимен е спотот „Despacito“ – Зад шарените куќи, убавите девојки и морето се крие мрачна тајна

Овој крај настанал во 19 век, како дом за црнци и бездомници.
Во планетарниот хит „Деспасито“, се пее за „плажата во Порторико“ (Vamo’ a hacerlo en una playa en Puerto Rico), а всушност се работи за квартот La Perla kod San Huana, каде во моментов туристите доаѓаат за да ја почувствуваат атмосферата од познатиот спот.Овој крај под монументалните ѕидини на стариот Сан Хуан, познат како старо историски ситотинско место, каде никнале шарените куќи, минале години додека населбата се ширила на самиот морски брег. Сега улиците се преплавени со љубители на хитот „Despacito“, и сите сакаат да видат каде спотот е снимен, каква е енергијата на местото и дали навистина изгледа како да е создадено за луд ноќен помин, преполн со згодни латино девојки.

Но, покрај сето тоа, овој крај крие и многу потажна и помрачна страна, затоа што сиромашните во крајот во кој живеат, се најмаргинализираниот дел од жителите во Порто Рико.

„Овде се случува класичен „слам туризам“, односно туристите овде доаѓаат да уживаат во сиромаштијата на другите луѓе и да се сликаат покрај сиромашнтие куќи, ѓубрињата на улиците или пак покрај сиромашните мештани.

Се смета дека никој нема право тоа да го прави и дека тоа е многу непристојно, особено поради историјата на Ла Перле, која и самата е доволно мачна како и животот на луѓето овде“, вели Ивелис Куевас Молима, асистент на тамошниот Политички универзитет.

Овој крај настанал во 19 век како дом за црнците и бездомниците. Тоа воглавно биле бројни кланици во кои тука луѓето работеле, затоа што тогашниот закон не дозволувал да овие групи на луѓе живеат внатре во ѕидините на градот. Градот често мирисал на трулеж на месо и на крв, а звуците на животните кои ги водат во кланица, исто така надалеку можел да се слушне.

Иако од тогаш ситуацијата се поправила, и понатаму Ла Перла се смета за најсиромашен крај, каде владее насилие, и продажба на дрога, поради што низ годините бил посочен како несигурен и непрепорачлив за туристите и нивната безбедност.

Како и да е, песната Деспасито и приходите од зголемениот туризам на оваа држава и тоа како помагаат да местото застане на нозе, бидејќи Порто Рико во моментот е во долгови преку 103 милијарди евра!

Scroll to Top