Во Грција пронајдена тинејџерка која живеела пред 9000 години

Научници успеале да го реконструираат лицето на тинејџерка, која ја нарекле Авги (грчко име за зора), која живеела пред 9000 години.

Научниците се обиделе да покажат како изгледале луѓето во периодот на мезолит, 7000 години пред раѓањето на Исус Христос.

Грчката тинејџерка е откриена во 1933 година во пештерата Теопатра во Централна Грција.

Врз основа на коските и забите, се претпоставува дека е на возраст од 15 до 18 години. Има исфрлена вилица напред, што се верува дека е резултат на џвакањето на животинската кожа со цел да ја претвори во мека кожа, пракса која била честа во тој период и поради која сите имале таков израз на лицето.

На прашањето зошто изгледа налутено, професор Манолис Папагрикоракис, кој ја направил силиконската реконструкција на лицето од глина, се пошегувал:

„За неа не е можно да не биде лута во тој период“.

СТРАДАЛА ОД АНЕМИЈА

Можно е Авги да била анемична, а доказите упатуваат на проблеми со зглобовите и колковите, поради што ѝ било отежнато дишењето, што резултирало со смрт, изјавиле научниците.

Пештерата Теопатра се наоѓа во подрачјето на Тесалија и настанала пред 100.000 години. Во неа е пронајдено орудие од палеолит, мезолит, неолит, како и од керамика од неолит. Авги е изложена во музејот „Акрополис“ во Атина.

Видете ја приказната за Халкидики, градот со „лудите води“, на следниот линк:

 

 

 

Scroll to Top