Во Израел исковани монети со ликот на Доналд Трамп

Израелски образовен центар Микдаш исковале парички со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп за да изрази благодарност затоа што го признал Ерусалим како престолнина на Израел.

Од овој центар соопштија дека ликот на Трамп се наоѓал на едната страна на паричката, а зад неговиот, стои ликот на кралот Кире Велики, кој пред 2500 години дозволил Евреите да се вратат во Ерусалим од егзилот во Вавилон, пренесе АП.

Рабин Мордекаи Персос изјавил дека Трамп, како и Кире, на големо објавил дека Ерусалим е престолнина на светиот народ.

Оваа израелска организација исковала 1000 парички во вредност од половина шекел кој може да се купи со минимална донација од 50 долари.

Паричките не можат да се користат како платежно средство.

 

 

Scroll to Top