Во вторник започнува пријавувањето за иселеничка виза за Америка

Американскиот стејт департмент го означува почетокот на лотаријата за зелени карти – аплицирањето започнува од 3 октомври 2017 година во 12 часот по полноќ, и завршува на 7 ноември 2017 година до 12 часот по полноќ.

Сите оние кои сакаат да аплицираат треба да го пополнат електронскиот формула „DV-19“ во текот на периодот назначен за регистрирање.

Сите оние кои ќе аплицираат, ќе добијат официјален број за потврда за нивната регистрација, а овој број треба да го имате до 30 септември 2019 година бидејќи преку него ќе можете да проверите дали сте прифатени за програмата „DV-19“.

Сите учесници ќе можат да проверат дали се извлечени за „зелена карта“ преку „Entrant Status Check“ на веб страницата на програмата после 1 мај 2018 година.

Извлечените кандидати ќе добијат дополнителни информации за интервју. Секој што ќе добие писмо или електронска пошта во која се тврди дека добил лотарија со зелена карта, треба да знае дека станува збор за измама.

Подетално за тоа како треба да ја пополните апликацијата, можете да пронајдете ТУКА.

Од 3 октомври 2017 година, за зелена карта ќе можете да аплицирате на ОВОЈ ЛИНК.

Scroll to Top