Војаџер сондата испраќа порака и на српски јазик

Војаџер 1 (Патник) е најодалечената сонда која човекот ја направил на Земјата. Таа стигна во меѓуѕвездениот простор, каде е присутна галактичката плазма.

НАСА ги лансираше Војаџер 1 и Војаџер 2 со порака која е создадена за вонземјански облик на живот, кој ја претставува приказната за животот на луѓето на Земјата.

„Voyager Golden Record“ (Златна плоча или Златен запис) е фонографски запис кој е поставен на Војаџер леталата за време на истоимената програма, која е направена во 1977 година, кога биле лансирани сондите. Содржат звуци и пораки на различни јазици, а еден од нив е и српскиот јазик.

Пораката која е упатена на српски јазик гласи: „Ви посакуваме се најубво од нашата планета“.

Слушнете на следниот линк, како гласи пораката на српски но и на другите светски јазици.

А на следниот линк, слушнете кои се записи се наоѓаат на оваа „Златна плоча“.

 

 

Scroll to Top