За да заработите 500 евра месечно, потребни ви се вреќи и 20 квадрати

Производството на печурки е бизнис во кој знаењето е примарна инвестиција. За разика од одгледувањето желки или каков било вид животни, одгледувањето букови печурки не бара преголеми вложувања, таа може да ви го врати вложеното за неколку месеци и е поевтина и достапна за купувачите. Оваа гранка на земјоделството е како и секоја друга, само што таа не подразбира одгледување животни и билки, туку суштества што имаат животински клеточен систем, а истовремено растат како билки.

Во споредба со печурките од типот шампињони, кои обично растат и може да се најдат на места каде што има многу ѓубре и на кои им е неопходен хемиски третман, буковата печурка бара здрава средина и не поднесува праскање, а капките вода се погубни за неа.

„Најисплатливо е да ги одгледувате дома, во подрум, штала или гаража. Не е работа од која можеш да се збогатиш, но можеш пристојно да живееш“, вели Благоја Радишиќ, пензиониран пожарникар од Ужице, кој се посветил на производство на букова печурка.

Во Ужице е загаден воздухот, а оваа печурка тоа не го трпи. Па, оттука Радишиќ почнал да работи во златиборското село Трипково. Печурката таму ја одгледува со талог од кафе и во садови со слама.

„Полнењето на вреќите со систем ред слама, ред семе, ако се прави рачно, е најтешката работа, но јас направив проста машина за садење“, вели Радишиќ.

Срѓан Лазиќ и Ана Цветиќ од Ужице летово експриментално почнале со одгледување букови печурки. Веќе во ноември успеале да закупат сала од 400 квадрати на брдото на Горна Пора над котлината Ужице.

„Почнавме со 250 вреќи, а како што пазарот се отвораше секоја недела, успеавме да се обезбедиме со уште по толку. На почетокот имавме 2,7 килограма од вреќа, а во наредниот период очекувавме двојно повеќе. Успеавме да стигнеме до бројка од 1.050 наполнети вреќи со оваа печурка, а сега имаме вработено и двајца работници. Вложивме меѓу четири и пет илјади евра. Со оглед дека планираме да се шириме, сè уште немаме калкулација за колку време инвестицијата ќе ни се исплати, но секако тоа нема да биде подолго од неколку месеци“, објаснува Лазиќ.

Потребно е во 20 квадрати да вложите1.500 евра

Благоја Радишиќ вели дека за буковата печурка, како скромен семеен бизнис, потребна е просторија од 20 квадрати ,во која ќе можете да соберете 100 вреќи. Од оваа количина може да заработувате 500 евра месечно, а инвестираното да ви се врати за три месеци.

„Вложувањето за вакви услови чини 1.500 евра. Тоа подразбира машини за сечкање и собирање слама, казан за готвење на сламата, систем за закачување на вреќите, вентилатор, апаратура за влажнење, кафез со жици во кој сламата се подготвува, како и фритеза и дигалка“, вели тој.

Ни билки ни животни 

Печурките претставуваат посебен облик на живот на Земјата. Имаат животински клеточен систем, растат како билки, а спаѓаат во посебните еукариотски организми. Но, генетичките студии покажале дека печурките повеќе се слични со животните отколку со билките.

 

Scroll to Top