Жена со голи раце ги бранела децата од разбеснетото куче во Аеродром

Раните говорат за хоророт кој се одвиваше во скопски Аеродром кога разбеснето куче искаса девет лица, меѓу кои и дечиња.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека од 22 до 02 часот по полноќ завчера во Полициска станица Аеродром пријавени се шест настани за каснати лица од куче кои се случиле на подрачјето на населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“.

Еден од татковците на децата кои биле касната, објави на социјалните мрежи фотографии од ужасот.

– “Ова се раните на раката на мојата помала ќерка Ума, која вчеравечер беше нападната од куче во населбата Аеродром. Покрај неа искасани се уште 7 деца и 2 возрасни. Детето ми е спасено благодарение на госпоѓа Тања случајна минувачка која со голи раце се нафрли на кучето да ја спаси Ума. Барам правен совет…. Сакам да ги тужам град Скопје и оние од Анимамунди”, напиша Танер Хајретин на својот Фејсбук профил.

Според последните податоци, кучето е фатено а од него на Клиниката за Инфективни болести помош побарале не шест, туку девет лица. Од Клиниката посочуваат дека на тие што не биле вакцинирани им била дадена тетанус вакцина, по што биле пуштени на домашно лекување.

Дечињата кои биле каснати биле на возраст од 10 до 14 години.

Scroll to Top