Ѕвездата петокрака ја подели Комисијата за соочување со минатото во Хрватска

На два дена пред истекот на рокот за Комисијата за соочување со минатото, во кои премиерот Андреја Пленковиќ има можност да достави препорака што во иднина ќе направи со усташките и комунистичките симболи, дојде до раздор во владиното тело и тоа поради ѕвездата петокрака, пишуваат хрватските медиуми.

Седумнаесетчлената Комисија се состанала вчера, а неофицијално се дознава дека препораката на владата и премиерот Пленовиќ ќе биде да се забрани усташкиот поздрав „за дом спремни“, освен кога станува збор за негово користење во рамките на симболи, односно грбот на HOS.

Тоа имено значи дека тој усташки поздрав не би бил отстранет од официјалниот грб на HOS, што инаку бил главен проблем за спорната спомен-плоча, која припадниците на HOS ја подигнале за своите загинати соборници во центарот на Јасеновец во 2016 година.

Токму барањата на дел од хрватската јавност таа спомен-плоча да се отстрани од Јасновец, поради усташкиот поздрав, биле повод  премиерот Пленковиќ да формира Комисија за соочување со минатото, која, како што е замислено, треба јасно да ги одреди, според симболите, сите тоталитарни режими.

Во другите случаи, како протестните собири, спортските настани, концерти и слично, спортниот усташки поздрав би бил забранет.

Ист третман би имале и сите обележја од фашистичкиот режим и неговите варијанти, од кукаст крст, преку симболот како „Š“ или усташкото „U“, четнички метални значки до сите изрази и симболи што ги величат тие тоталитарни режими.

Повиците се на исти извори, а медиумите пишуваат дека во Комисијата дошло до раздор по прашањето на ѕвездата петокрака, при што дел од членовите инсистирале комунизмот и неговите симболи да се изедначат со фашизам.

 

Во расправата станало збор за симболот на комунизмот, но и на антифашизмот во Втората светска војна, поради што се бара врска меѓу таканаречените повеќезначни симболи.

На страна на противникот за забрана на петокраката е и пресудата од Европскиот суд за човекови права од 2008 година, која еден од челниците на  Работничката партија на Унгарија, Атила Вајнаи, ја доби против државата Унгарија.

Како што се наведува, се очекува околу петокраката да бидат издвоени мислења на членовите на Комисијата за соочување со минатото затоа што за дел од членовите овој симбол е борба против фашизмот, а за другите е и обележје под кое, како што се наведува, е „спроведена големосрпска агресија“.

Се тврди дека до 1 март Комисијата сепак ќе постигне консензус. Инаку, препораките на владината Комисија се повеќе од советодавен карактер, и за владата нема да бидат обврзувачки.

 

Scroll to Top