Месечен хороскоп – Мај 2016

Мај е месец на позитивни промени, кога две планети (Јупитер и Меркур) ќе ги прекинат своите ретроградни движења, намалувајќи ги пречките и недоразбирањата во нашите животи.

Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе нè поттикне да ризикуваме малку повеќе од обично, бидејќи ќе ни покаже дека среќата навистина оди рака за рака со храброста.

Венера, планетата на љубовта, убавината и хармонијата, ќе ни покаже дека треба да се стремиме кон стабилност во врската и да го скротиме однесувањето кое може да ги разниша темелите на нашите љубовни сојузи.

Ретроградното движење на огнениот Марс ги зголемува шансите од помирување со бивши партнери или враќање на стари проблеми.

Најсреќни овој месец дефинитивно ќе бидат БИКОВИТЕ, но и БЛИЗНАЦИТЕ ќе добијат незаборавна најава за среќниот период кој ги очекува.

Овен

Љубов
Копнеж по стабилност, но и по авантури, по зрели личности, но истовремено и по добра смисла за хумор – патувањето на дуото Венера-Марс во сосема различни сектори ќе ви го направат петтиот месец од годината возбудлив и незаборавен.

Хармоничната Венера заедно со Сонцето 20 дена ќе патуваат рака за рака во вашиот сектор на стабилноста, самодовербата и секојдневните навики. Ќе копнеете да пронајдете партнер кој навистина е таму за вас и кој преку дела ви го докажува тоа. Можно е да отфрлите некој кој ве привлекувал со физичкиот изглед за да се зближите со лице кое ви го подарува целото внимание на светот. Ќе ви се допаѓа кога се чувствувате како кралица.

И оние овни кои се во врска ќе сакаат да видат на дело дека партнерот не планира да замине од нив. Ќе даваат сè од себе за да си ги зацврстат односите преку создавање стабилност. Само напред, бидете нежни и внимателни кон саканиот или изненадете го со мал подарок.

Марс, вашата планета владетел, речиси цел месец ќе лудува со ретроградно движење низ вашиот сектор на авантурите и ослободувањето. Со помош на црвената планета ќе успеете да ги избришете вашите несигурности и комплекси и со нова самодоверба ќе блеснете пред светот.

Додека Марс е ретрограден, т.е. до 30 јуни, стојте подалеку од избрзани одлуки и необмислени ризици. Ретроградните движења враќаат и лица и ситуации од минатото, па не се изненадувајте ако згаснат оган од страсти повторно се разгори или ако паднете во искушение да имате секс со поранешен партнер. Обидете се да не реагирате емоционално.

На 21 мај настапува полна месечина во вашиот сектор на патувањата и оптимизмот. Соништата конечно ќе ви станат реалност благодарение на вербата која ја имавте во себе во изминатите месеци. Ќе го гушнете саканиот силно, посакувајќи да останете така засекогаш.

Страста ќе ви кулминира во последните пет дена од месецов, кога ќе копнеете по физичка интимност со партнерот. Сексапилниот Марс на 27 мај преминува во шкорпија, вашата еротска 8-ма куќа. Жешките интимни игри со партнерот ќе ви бидат како „добра ноќ“ и во тие моменти вистински ќе се чувствувате сакано и посакувано.

Ако сте сингл, не ја отфрлајте можноста да се заљубите во лице кое го познавате многу кратко.

Работа и пари
Пари, пари, пари… Во текот на мај мислите ќе ви гравитираат околу работата и заработувачката. Ќе го цените сопствениот труд и знаење и ќе наплаќате за него. Сонцето ќе ги помине првите 20 дена во вашиот сектор на работата и парите, правејќи ве буквално незапирливи.

Дополнително, комуникативниот Меркур од вашата втора куќа на работата и парите ќе ве бодри да го барате она што го заслужувате и да не бидете скромни кога зборувате за вашите постигнувања.

Не е исклучена можноста да заминете на обука или деловно патување во странство во текот на мај, бидејќи енергичниот Марс речиси цел месец ќе престојува во вашата 9-та куќа на патувањата и експанзијата. За вас нема да постојат граници!

Проверете си ја банкарската сметка на 6 мај. Тогаш младата месечина ќе ја осветли вашата 2-ра куќа на парите. Многу овни ќе се изненадат со бонус или зголемување на платата.

Доколку во изминатите месеци планиравте започнување на сопствен бизнис, проширување на постоечкиот или заминување во странство, направете го тоа под светлината на полната месечина на 21 мај.

Здравје
Мај ќе ве врати на патеката кон здравиот начин на живот. Од 7 јануари Јупитер си поигруваше со вашата мотивација и инспирација, забавувајќи го вашиот напредок, поради ретроградното движење во вашиот сектор на здравјето и фитнесот. На 9 мај оваа планета на среќата и оптимизмот ќе премине во директно движење. Ќе знаете дека можете не само да изгледате, туку и да се чувствувате совршено доколку се грижите повеќе за себе. Направете го токму тоа.

Ако имате порок или навика која му штети на вашето здравје, обидете се да ја отстраните на 6 мај. Младата месечина која тогаш ќе настапи во вашиот сектор на секојдневните навики ги поттикнува новите почетоци.

Бик

Љубов
Уживајте, мај е ваш месец! Ќе го поседувате оној „Х“ фактор кој ги тера луѓето да зјапаат со одушевување во вас. Мала армија планети ќе танцуваат заедно низ вашиот знак за да ве направат најсреќниот знак во хороскопот.

Убавата Венера ќе престојува во вашиот знак повеќе од три недели, давајќи ви привлечност и шарм на кои ретко некој може да им одолее. Погодок! Ако сте сингл, ќе уживате во вниманието кое ќе го добивате од спротивниот пол, но не заборавајте дека ја имате привилегијата да бидете пребирливи. Не се задоволувајте со малку, кога можете да имате многу.

Партнерот нема да може да ви се насити доколку сте во врска. На моменти ќе чувствувате дека тој ве „јаде“ со поглед, а тоа ќе ви годи.

И Сонцето ќе ја придружува романтичната Венера во вашиот знак цели 20 дена, правејќи ве самоуверени и горди на себе. Никој нема да може да направи да се чувствувате неудобно во вашата кожа, а тоа позитивно ќе се одрази на секое поле од вашиот живот.

И сексапилниот Марс ќе „работи“ за да ја зголеми температурата во вашиот љубовен живот. Огнената планета цел месец ќе престојува во вашите сектори на партнерствата и интимноста.

Нов почеток е на повидок уште во правата недела од месецот. На 6 мај настапува млада месечина во вашиот знак, зголемувајќи ја веројатноста токму на тој ден да се збогувате со статусот сингл. Некои бикови кои се во врска на тој датум ќе го кажат судбоносното „да“.

Јупитер ве повикува да ризикувате на љубовен план по 9 мај, кога ќе премине во директно движење во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето. Планетата на среќата и авантурите ќе ве поттикне бестрашно да го насочувате заводливиот поглед кон личноста којашто ви се допаѓа, а резултатите ќе бидат моментално видливи. Ниту еден сингл бик овој месец нема да може да се пожали дека има здодевен љубовен живот.

Доколку сакате да забремените, зачестете ги љубовните состаноци со партнерот во спалната соба. Тие ќе ви го донесат посакуваниот позитивен тест пред 9 септември, кога Јупитер ќе ја напушти вашата 5-та куќа.

Љубовните стрели на Купидон ќе ве погодат на 21 мај, кога светлината на полната месечина ќе го осветли вашиот сектор на интензивните чувства, интимноста и заведувањето.

Работа и пари
Покажете го вашиот потенцијал и ќе бидете недостижни! Вашето време пристигна. Сонцето речиси три недели ќе престојува во вашиот знак, од каде ќе се пресели во вашата 2-ра куќа на работата и парите. Застанете во центарот на вниманието, бидејќи ќе имате што да кажете.

Резултатите ќе ги видите уште во првата недела од месецов. На 6 мај настапува млада месечина во вашиот знак. Луѓето ќе ве поздравуваат со почит, ќе ве слушаат со восхитување и ќе ве следат со ентузијазам. На овој ден ќе се наметнете како лидер на работа и ќе останете таму најмалку шест месеци. Делете го вашето знаење со колегите.

На 9 мај Јупитер, планетата на среќата, преминува во ретроградно движење во вашата 5-та куќа на креативноста, правејќи ве личноста со идеи и креативни предлози на работното место. На некои бикови ќе им биде доделен проект за кој долго време сонувале.

Засукајте ги ракавите и фрлете се на работа во последните 10 дена од месецот, кога Сонцето ќе премине во вашата куќа на финансиите. Ќе знаете како се заработува.

Здравје
Енергични, растрчани и желни за промени ќе бидете во текот на мај. Сонцето 20 дена ќе патува во вашиот знак, па тешко ќе можете да седите во едно место. Физичката активност ќе ви биде на врвот на приоритетите, но ќе целите и кон промени во изгледот како нова фризура, боја на косата или посмела облека.

Енергичниот Марс речиси цел месец ќе престојува во вашиот сектор на детоксикацијата, охрабрувајќи ве да го прочистите вашиот организам.

Близнаци

Љубов
Мај ќе ве пресели во магичен свет во кој сè ќе биде возможно. Овој месец е особено убав за вас, затоа што ќе започне вашиот период од годината. Сонцето до 20 мај ќе патува во вашата 12-та куќа на фантазиите, завршетоците и ослободувањето, помагајќи ви да го фрлите товарот кој го носите на вашиот грб и да се насочите кон нови почетоци.

Ставете ѝ крај на врска која ве измачувала на 6 мај под светлината на младата месечина. На тој ден кога ќе затворите една врата зад себе, пред вас ќе се отвори нова со многу подобри можности. Можно е да откриете дека лице кое одамна сте го познавале е и ваша сродна душа, но досега не сте го забележале тоа поради преокупираноста со минатото.

Сексапилниот Марс речиси цел месец ќе ја вжештува вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и љубовта, поттикнувајќи ве да скокате во врска без многу размислување. Но, од друга страна Јупитер ви советува да почекате. Во периодот до 9 септември ќе запознаете личност која ќе наликува на принц од бајките.

Среќата ќе им се насмевне на близнаците кои се во брак по 9 мај, кога Јупитер ќе премине во директно движење во вашата 4-та куќа на семејството. Можно е да ве израдува веста за принова во фамилијата или да си го купите домот кој го меркавте.

Последните десет дена од месецот ќе ви бидат романтично совршени. На 20 мај Сонцето влегува во вашиот знак, а на 24 мај нему ќе му се придружи хармоничната Венера. Во вашата врска ќе настапи вистинска идила. Секоја минута ќе ви биде како сон кој ќе посакувате да трае вечно. Разбирањето ќе биде карактеристика на вашите разговори со партнерот.

На 21 мај ќе настапи полна месечина во вашиот сектор на партнерствата и обврзувањето и ќе ги позлати односите меѓу вас и лице со кое долго време сте се состанувале. Некои близнаци нема да можат повеќе да му одолеат на шармот на оној кој им се допаѓа и ќе му се фрлат во прегратка без да размислувате што ќе им донесе утрешниот ден.

Ако вашата роденденска желба е поврзана со вашите романтични чувства очекувајте нејзино исполнување по 24 мај, кога Венера ќе се всели во вашиот знак.

Работа и пари
Во првите 20 дена ќе сакате да работите од зад сцената за никој да не види кој ги трга конците на работното место, но затоа пак во последните 10 дена од мај ќе блескате на сцената.

Сонцето речиси три недели ќе патува во вашата 12-та куќа на скриените агенди и информации. Ќе бидете максимално мистериозни за вашата работа, па луѓето лесно ќе ви доверуваат деловни тајни, кои ќе ги користите умешно во своја корист. Завршете ги сите започнати задачи и проекти, бидејќи доаѓа ново поглавје во вашиот деловен живот кој ќе сакате да го започнете начисто.

Доколку имате бизнис партнер, уверете се дека секој детаљ од него е напишан на хартија. Ретроградното движење на Марс во вашата 7-ма куќа ја зголемува веројатноста од измами.

Откако Сонцето ќе премине во вашиот знак, професионалниот живот ќе ви „цути“. Можно е да запознаете бизнис ангел, кој ќе инвестира во вас, знаејќи колку вредите.

Здравје
Планетите ве повикуваат да си го дадете потребниот одмор во мај, за да го подготвите вашето тело за активниот и енергичен јуни. Неколку планети ќе престојуваат во бик, вашата 12-та куќа на одморот и завршетоците, подготвувајќи ви ноќи во кои ќе спиете како бебе и безгрижни денови ослободени од стрес.

Доколку сепак одлучите да вежбате или да спортувате, направете го тоа сами без да сметате на некој друг. Поради ретроградното движење на Марс во вашиот сектор на партнерствата луѓето може да ви бидат само пречка, но не и мотивација.

Активната сезона за вас ќе започне на 27 мај, кога енергичниот Марс ќе премине во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Подгответе го вашето тело за на плажа.

Рак

Љубов
Ќе ги обожавате луѓето во текот на петтиот месец од годината и ќе бидете пресреќни кога се дружите. За среќа, и најубавите романтични прилики и ситуации ќе се раѓаат токму на такви места за забава.

Венера, планетата на љубовта и убавината, до 24 мај ќе престојува во вашата 11-та куќа на пријателствата и групните активности, каде до 20 мај ќе ја придружува и Сонцето. Не пропуштајте ниту едно вечерно излегување со пријателите. Можно е да ја сретнете вашата следна љубов преку пријател или пак тоа да биде ваш пријател.

Раковите кои се во врска треба да ги зачестат излегувањата со партнерот во првата половина од месецот, бидејќи монотонијата ќе биде најголем убиец на добрите односи за нив. Хармоничната Венера ви ветува „зближување преку раздалечување“. Колку повеќе време ќе минувате со пријателите додека сте излезени, толку пожешки ќе бидат моментите кога ќе останете насамо.

Сексапилниот Марс речиси цел месец ќе патува со ретроградно движење во вашата 6-та куќа на аналитичкото размислување. Ќе ги анализирате додворувачите детално, плашејќи се да не имаат задни намери кон вас, но тоа ќе има моќ да ви го одземе задоволството од моментите поминати со нив. Некои ракови ќе наидат на несогласувања со саканиот предизвикани од ситниците кои се трупаат од ден на ден. Решавајте ги навреме проблемите.

На 9 мај среќната планета Јупитер преминува во директно движење во вашата 3-та куќа на локалните настани. Не ја барајте љубовта на далечни места, бидејќи ќе ја пронајдете поблиску одошто очекувате.

На 20 мај Сонцето ќе премине во вашата 12-та куќа на опростувањето и лекувањето, а четири дена подоцна нему ќе му се придружи и романтичната Венера. Можно е да му дадете втора шанса да ве усреќи на поранешен партнер или да му опростите за голема грешка, без да му дадете шанса да ви се приближи. Душата ќе ви биде полесна од пердув.

Последните пет дена ќе предизвикаат вистински земјотрес во вашиот љубовен живот, поради преминот на сексапилниот Марс во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето. Очекувајте го неочекуваното.

Работа и пари
Работете во тим! Во текот на мај, група планети ќе престојува во вашата 11-та куќа на групните активности, потсетувајќи ве дека не морате да правите сè сами.

Сонцето до 20 мај ќе го осветлува вашиот групен сектор, поттикнувајќи ве да кажувате „да“ на сите задачи и проекти кои повикуваат повеќе од едно име. Некои ракови ќе „произведуваат“ најдобри идеи за време на брејнсторминг сесии. Не потценувајте ниту една ваша идеја.

Можно е да добиете неодолива понуда за соработка преку имејл или телефон на 6 мај, кога младата месечина ќе настапи во вашиот сектор на технологијата. Не ја одбивајте!

Среќниот Јупитер на 9 мај преминува во директно движење во вашиот сектор на комуникацијата. Уверете се дека вашиот глас е навистина слушнат.

Аналитичноста и внимателноста кон деталите ќе ве издвојуваат од колегите во текот на периодот до 27 мај, кога енергичниот Марс ќе престојува во вашиот сектор на перфекционизмот. На 21 мај во истиот тој сектор ќе настапи полна месечина. Можно е да запознаете лице кое ќе стане ваш ментор или бизнис ангел кој ќе инвестира во вас.

Здравје
Најдете релаксирачка активност! Жестокиот Марс речиси цел месец ќе патува со ретроградно движење во вашата 6-та куќа на здравјето, предизвикувајќи ви голем стрес. Ќе си земате при срце сè што ќе правите, а тоа често ќе ве растревожува. Бидете полекомислени и поопуштени.

На 6 мај настапува полна месечина во вашиот сектор на здравите навики, помагајќи ви да им одолеете на сите искушенија кои ви попречувале да се храните здраво или да бидете физички активни

Лав

Љубов
Мај ќе ве поттикне да гледате кон иднината и да не се задоволувате со моменталните задоволства со краток рок на траење. Тоа особено ќе важи во љубовта. Ќе го оттурнувате од себе секој оној со кого не можете да се замислите во иднина.

Венера, планетата на љубовта и убавината, до 24 мај ќе патува во вашата 10-та куќа на долгорочното планирање и мажите, правејќи ве особено пребирливи кон спротивниот пол. Ќе го ставите изгледот на заден план и ќе се интересирате повеќе за душата на луѓето. Доколку гледате искреност кога некој ви го ветува светот, тој ќе биде полн погодок за вас.

Ако сте во врска, во овој период зачестете ги разговорите со партнерот за деца, заеднички дом, финансии и сл., бидејќи ќе имате потреба да знаете дека пулсирате во ист ритам со него. Доколку некаде се разидувате во ставовите за важните животни прашања, најдете компромис, ако не можете, сега е добар момент да размислите дали сакате да останете заедно.

Сексапилниот Марс речиси цел месец ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето. Можно е да ги обновите контактите со лице кое ви се допаѓало во минатото или пак да станете мета на погледите на ваш поранешен партнер. Ретроградните движења враќаат во нашите животи лица кои некогаш сме ги оставиле зад себе.

Не ја потценувајте важноста на средениот изглед. Да, вие криете лавовска жестокост и излачувате сексапил, но тоа не значи дека не треба да го потенцирате дополнително со облеката. Вие сте родени да владеете со светот, па покорете го.

Ќе се разбудите со зборовите „Јас сум убава каква што сум“ на 9 мај, а тоа расположение ќе ви трае до 9 септември. На тој датум Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, ќе премине во директно движење во вашата куќа на самодовербата. Не грижете се и другите ќе мислат исто како вас за вашата привлечност.

На 21 мај настапува полна месечина во стрелец, вашата романтична 5-та куќа. Ќе се отворите за вашите желби пред партнерот и пред да трепнете, тој ќе започне да ги реализира. Уверете се дека ова ќе биде ден за вас двајцата. Не сте во врска? Запишете го овој датум, затоа што може тој да стане симбол на вашиот нов љубовен сојуз.

Работа и пари
Бум. Мај ќе создаде експлозија во вашиот професионален живот, лансирајќи ве многу блиску до ѕвездите. Напредокот е неизбежен во месец кога група планети ќе танцуваат во бик, вашиот деловен сектор.

Сонцето до 20 мај ќе престојува во вашата 10-та куќа на работата и парите, од каде ќе премине во вашиот сектор на тимската работа. Цел месец ќе се стремите кон престиж и создавање добар долгорочен имиџ.

Уште на 6 мај ќе ги почувствувате првите големи постигнувања. Под влијание на младата месечина, која ќе настапи во бик, некои лавови ќе добијат големо унапредување, други ќе бидат наградени со аплаузи и признанија, додека на трети ќе им биде дадена понуда на која нема да можат да ѝ одолеат. Поставете си цели за следните шест месеци.

Присуството на Меркур во бик ќе придонесе за вашата одлична комуникација со клиентите. Особено голем успех овој месец ќе постигнат вработените во секторот на продажбите, маркетингот, угостителството и преговорите. Дипломатските способности ќе ви дојдат особено до израз по 22 мај, кога Меркур, планетата на комуникацијата, ќе премине во директно движење во бик.

Здравје
Во текот на мај ќе бидете растрчани, физички активни и неверојатно дисциплинирани. Групата планети во вашата 10-та куќа ќе ви го сврти вниманието кој долгорочните придобивки. Ако воведете нов режим на исхрана, ќе сакате тој да биде траен и нема ни да помислувате да вежбате ако не можете да се придржувате кон распоредот.

Внимавајте, ретроградното движење на енергичниот Марс ќе ве направи склони кон повреди и ќе ви ја намали претпазливоста.

Девица

Љубов
Експериментирајте со нови типови, истражувајте ги различностите и ослободете се од стереотипите ако сакате најдобро да го доживеете убавиот мај. Венера, планетата на љубовта и убавината е во вашиот сектор на авантурите и оптимизмот, а до 20 мај неа ќе ја придружува Сонцето.

Ќе сфатите дека ако луѓето околу вас го гледаат светот на еден начин, не мора и вие да го гледате така. Отворениот ум ќе ви донесе многу поголеми можности. Некои девици ќе откријат прекрасни страни кај личност која ја сметале за „несоодветна“ за партнер, други ќе се заљубат во лице од друга култура, а трети ќе му го подарат срцето на странец. Ќе ги сечете границите и ограничувањата, а тоа ќе ви донесе само награди.

Доколку сте во врска, овој месец резервирајте патување со партнерот. Одделувањето од монотоното секојдневие ќе влијае позитивно и на вашето расположение и на вашата врска.

Особено погоден ден за авантури и патувања е 6 мај, кога младата месечина ќе ја осветли вашата 9-та куќа на слободата. Следете ги вашите соништа и нема да жалите.

Стрелајте со поглед кон личноста којашто ви се допаѓа по 9 мај. Јупитер, планетата на среќата, тогаш го прекинува ретроградното движење во вашиот знак, за да ве потсети дека можете да имате сè што ќе посакате, ако… преземете конкретни мерки за да го добиете.

Лицата од посилниот пол ќе имаат важна улога во вашиот живот по 20 мај, кога Сонцето ќе се пресели во вашата 10-та куќа на мажите, каде ќе влезе и убавата Венера четири дена подоцна. Можно е да го запознаете вашиот следен партнер преку пријател или да ја добиете поддршката од вашиот брат или татко за да бидете со вашиот сегашен партнер.

На 21 мај настапува полна месечина во вашата 4-та куќа на домот и семејството. Ако сте во брак, можно е да се израдувате на нов член или да одлучите дека сакате да го зголемите семејството. Некои девици ќе донесат одлука да се преселат во ново живеалиште.

Не сте во врска? Престанете да ја криете вашата ранливост на овој ден и покажете ја вашата нежна страна. Тоа ќе биде како магнет за туѓите комплименти и погледи.

Работа и пари
Нови хоризонти ќе отвори пред вас петтиот месец од годината. Сонцето 20 дена ќе патува во вашиот сектор на патувањата, претприемништвото и експанзијата, поттикнувајќи ве да истражувате нови опции за професионален напредок. Некои девици ќе пронајдат работа во друг град или држава.

„Коцкајте се“ ако сакате да заработите повеќе на 6 мај. Младата месечина, која ќе настапи во вашата 9-та куќа на ризиците ве потсетува дека колку поголеми чекори преземате, толку поголеми ќе бидат вашите добивки. Среќата ќе биде на страната на храбрите девици на овој датум.

Дополнително, среќната планета Јупитер три дена подоцна ќе премине во директно движење во вашиот знак, што е уште еден добар сигнал.

Последните 10 дена од мај ќе ви бидат особено успешни на професионален план поради преминувањето на Сонцето во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање, како и прекинот на ретроградното движење на комуникативниот Меркур. Вратете си ја контролата врз случувањата и повторно зграпчете ја лидерската позиција. Ќе ви се допаѓа кога управувате од шоферското седиште.

Здравје
Направете го вежбањето забавно, носејќи го под отворено небо. Сонцето до 20 мај ќе патува во вашата 9-та куќа на авантурите, поттикнувајќи ве да не се затворате меѓу четири ѕида. Започнувајте го секој тренинг со позитивни мисли и учете од инспиративните личности кои веќе ги постигнале резултатите кон кои вие се стремите.

Само напред, направете си детален распоред со вежби и оброци за последните 10 дена од мај. Преминувањето на Сонцето во вашата дисциплинирана 10-та куќа ќе ви помогне во ниту еден момент да не отстапите од него. Честитки!

Вага

Љубов
Уф… ако некој има способност да го истакне сексапилот на ненападен начин во текот на мај, тоа дефинитивно ќе бидете вие. Група планети ќе патуваат во вашиот сектор на сексот, интимноста и интензивните емоции, потенцирајќи ја вашата атрактивност и сензуалност.

Венера, планетата на љубовта и убавината, повеќе од три недели ќе ја краси вашата 8-ма куќа, а до 20 мај неа ќе ја придружува и Сонцето. Ќе ја пуштите страста да лудува низ вашето тело и ќе го срушите ѕидот кој го градевте околу своето срце. Љубовта ќе ве обземе како никогаш претходно, па најверојатно ова ќе биде месец кога ќе се збогувате со статусот сингл. Не се плашете да излезете од вашата сигурна зона и да ги истакнувате почесто вашите најпривлечни атрибути.

Во врска сте? Резервирајте повеќе ноќи за интимни состаноци со партнерот. Романтиката е гарантирана.

Сексапилниот Марс речиси цел месец ќе ве поттикнува да гледате на партнерот како на ваш најдобар пријател, но ретроградното движење ве предупредува да не му доверувате тајни кои не сте си кажале никому. Токму тие ќе имаат потенцијал да ви ги уништат односите. Ако сте сингл, во периодот до 27 мај можно е ваш бивши да се појави пред вас.

На 6 мај настапува млада месечина во вашиот сектор на интензивните чувства и интимноста. Некои ваги ќе се заљубат на прв поглед, други ќе почувствуваат невообичаена блискост кон свој пријател, а трети ќе го поминат денот во прегратката на партнерот. Ова е ден за љубов, па обележете го со црвена боја на вашиот календар.

Доколку во изминатите месеци дозволувавте стара љубовна рана да ви предизвикува болка, по 9 мај ќе го пронајдете лекот за неа. Среќната планета Јупитер преминува во директно движење во вашата 12-та куќа на лекувањето и ослободувањето, каде ќе остане до 9 септември. Многу ваги ќе се збогуваат со минатото и со искра во очите ќе продолжат со својот живот. На повидок се нови почетоци.

Романтичната Венера на 24 мај преминува во вашата 9-та куќа на авантурите, поттикнувајќи ве да се однесувате побезгрижно и полекомислено на љубовен план. Можно е одеднаш да одлучите да ги спакувате куферите и да одлетате во местото на живеење на лице со кое сте комуницирале онлајн или да резервирате два билети во последен момент за заедничко патување со саканиот.

Работа и пари
Сакате да заработите овој месец? Не инвестирајте сами. Сонцето 20 дена ќе престојува во вашата куќа на богатството и заедничките инвестиции, најавувајќи ви сезона полна со можности и шанси да направите пари. Најдете доверлив истомисленик, потпишете договор и започнете да печалите заедно.

Не започнувајте партнерство доколку претходно не се напишани сите услови на хартија. На почетокот од месецот 5 планети ќе се движат ретроградно, зголемувајќи ја веројатноста од измами и недоразбирања.

Енергичниот Марс до 27 мај ќе патува со ретроградно движење во вашата 3-та куќа на идеите и комуникацијата. Можно е често да се сомневате дали треба да предложите или не одредено решение на работното место.

Здравје
Пролетното чистење ќе го насочите кон својот организам во текот на петтиот месец од годината. Сонцето до 20 мај ќе престојува во вашиот сектор на детоксикацијата. Пијте повеќе чаеви и вода и консумирајте лесна храна, која не предизвикува тегоби. Најтешката задача ќе ви биде да ги прескокнете излегувањата во ресторани со пријателите, но дури и да присуствувате на нив, ќе успевате да ѝ останете верни на „лесната“ исхрана.

Последните пет дена од месецот се одлични за отстранување на штетна навика или порок од вашиот живот, бидејќи тогаш Марс ќе ја посетува вашата рутинска 2-ра куќа.

Шкорпија

Љубов
Мај ќе ви започне празнично, а ќе ви заврши романтично. Во првите 20 дена ќе се фокусирате на лицата кои најмногу ви значат и ќе минувате голем дел од времето со нив поради престојот на Сонцето во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и зближувањето. Партнерот и семејството ќе станат центар на вашиот свет.

Убавата Венера ќе ја зголемува хармонијата во вашата љубовна врска во периодот до 24 мај, зголемувајќи го разбирањето меѓу вас и партнерот. Патувањето на романтичната планета во вашиот сектор на љубовта ќе биде еден од најубавите периоди за вас. Шкорпиите со статус сингл во првите три недели од месецот ќе запознаат специјална личност на која нема да можат да останат рамнодушни. Со неа ќе се зближат благодарение на нивната чувствителност. Престанете да глумите дека ништо не допира до вас.

Речиси цел месец сексапилниот Марс ќе се движи ретроградно во вашата куќа на самодовербата. Со својата атрактивност повторно ќе го свртите вниманието на ваш поранешен партнер кон себе. Ретроградните движења имаат потенцијал да враќаат лица од минатото во нашите животи, а вие нема да одрекувате дека тоа ви годи.

Нов почеток е запишан во ѕвездите на 6 мај, кога младата месечина ќе настапи во бик, вашата 7-ма куќа на партнерствата. За многу шкорпии ова е датум кој ќе го одбележи почетокот на нова врска. Спуштете го штитот зад кој се криете од претставниците на спротивниот пол и дозволете си да бидете освоени.

Не се изненадувајте ако вашето либидо одеднаш се зголеми во последните 10 дена од месецот. На 20 мај Сонцето влегува во вашата 8-ма куќа на сексот и сродните души, а на 24 мај нему ќе му се придружи и романтичната Венера. Не си поставувајте ограничувања и експериментирајте особено кога сте физички интимни со партнерот. Најдете што е она што ве задоволува и двајцата.

Шкорпиите со статус сингл треба да го слушаат срцето во овој период. Можно е да ја пронајдете вашата сродна душа во лице кое навидум изгледа просечно. Инстинктите нема да ве излажат.

На 21 мај облечете ја вашата најубава облека и излезете, независно од вашиот љубовен статус. На тој датум ќе настапи полна месечина во стрелец, вашата 2-ра куќа на самодовербата. Ќе им покажете на луѓето околу себе што значи доминантно присуство. Исправената глава ќе ви стане заштитен знак.

Огнената планета Марс ќе ги помине последните 5 дена од месецот во вашиот знак, правејќи го вашиот поглед уште помоќен. Уживајте во вниманието!

Работа и пари
Создавајте партнерства наместо постојано да тврдите дека можете да направите сè сами. Планетите ве охрабруваат да склучувате нови партнерства.

До 20 мај Сонцето ќе престојува во вашата 7-ма куќа на обврзувањето. Можно е во првите три недели од мај да потпишете договор за соработка кој ќе се покаже како доста профитабилен или да пронајдете соработник од друга држава.

Смелиот и енергичен Марс речиси цел месец ќе се движи ретроградно во вашата 2-ра куќа на работата и парите, покажувајќи ви дека не треба да работите најнапорно, туку најмудро. Можно е со еден потег да заработите многу повеќе одошто вашите колеги за цел месец.

И Јупитер ќе навива да работите во група наместо сами. На 9 мај оваа среќна планета ќе го прекине ретроградното движење во вашата 11-та куќа на тимската работа. Одлично ќе соработувате со сите личности на вашето работно место.

Заедничка инвестиција со влијателна личност ќе ви ја наполни банкарската сметка во последните 10 дена од месецот, кога Сонцето ќе премине во вашата 8-ма куќа.

Здравје
Нов месец, нова личност. Енергичниот Марс речиси цел месец ќе патува во вашата 2-ра куќа на секојдневните навики, поттикнувајќи ве да прифатите нов, подобар начин на живот. Можно е да ги започнувате деновите со шолја чај наместо со кафе.

Во текот на мај, најефективни и најмотивирани ќе бидете кога вежбате со друга личност. Дозволете им на пријателите и саканиот да ви се придружат во тренинзите.

Стрелец

Љубов
Здравјето ќе ви стане приоритет во текот на месец мај, но и изгледот нема да изостане од вашата агенда. Ќе знаете што точно да облечете за да привлечете внимание и ќе го носите тоа со огромна самодоверба.

Сексапилниот Марс речиси цел месец ќе патува во вашиот знак, будејќи ја заводничната која се крие во вас. Сепак, огнената планета може да предизвика и расправии и недоразбирања дури и меѓу највнимателните партнери. Не се навраќајте на прашања кој еднаш сте ги затвориле во минатото или на личности кои повеќе не се дел од вашето секојдневие. Контролирајте ја љубомората!

Стрелците со статус сингл сосема случајно ќе се сретнат со поранешен партнер или познаник во кој биле заљубени. Двапати мислете, пред да донесете одлука дали ќе ја отворите веќе затворената врата.

Венера, планетата на љубовта и убавината, до 24 мај ќе престојува во вашата куќа на организираноста, поттикнувајќи ве да воведете ред во вашиот љубовен живот. Доколку ги избегнувавте сериозните разговори и чувствителните теми за да не го разлутите партнерот, сега ќе сакате да го слушнете неговото мислење. Ќе сакате да знаете дали вашите ставови се совпаѓаат или не. Некои стрелци ќе се разделат со партнер кој ги правел расеани додека други ќе бараат одговор на прашањето „Дали има смисла да останеме заедно?“

Бум… љубовниот живот ќе ви доживее вистинска преродба во последните 10 дена од месецов. На 20 мај Сонцето влегува во вашиот љубовен сектор, каде по 4 дена ќе му се придружи убавата Венера. Во неделите кои претстојат стрелците со статус сингл ќе имаат прекрасни прилики да започнат нова врска, додека други ќе ги зачестат љубовните состаноци на кои ќе се поврзат на повисоко ниво со лице од спротивниот пол.

Ако сте во врска, можно е во тој период да се израдувате на предлог за брак или за првпат да изговорите „Те сакам“ пред партнерот.

На 21 мај полната месечина директно ќе ја насочи својата светлина кон вас. Ако на тој ден ви се чини дека сите гледаат во вас, не мислете дека халуцинирате. Тоа навистина ќе биде така, бидејќи едноставно ќе блескате. Очекувајте нов додворувач.

Работа и пари
Организираноста и посветеноста на деталите ќе ви бидат силни страни во текот на мај. Сонцето речиси три недели ќе патува во вашата 6-та куќа, правејќи ве неверојатно претпазливи. Тешко некој ќе може да ве измами, да ве победи за време на преговори или да ви подметне услов во договор кој не ви одговара.

Ризикувајте, среќата е на вашата страна. На 9 мај Јупитер, вашата планета владетел, преминува во директно движење во вашата 10-та куќа на кариерата и авторитетните фигури. Планетата на среќата престојува тука само еднаш на секои 12 години, па искористете го периодот до 9 септември за да правите смели чекори кон врвот. Можно е да запознаете личност на висока позиција која дополнително ќе ви помага да успеете.

Во првата половина од месецов 5 планети ќе се движат ретроградно, од кои две – Сатурн и Марс – во вашиот знак. Навратете се наназад и добро анализирајте ги вашите успеси и неуспеси за да извлечете лекции со кои ќе се подобрите себеси како професионалец.

Голем успех ви претстои на 21 мај, кога полната месечина ќе настапи во вашиот знак. Грабнете го микрофонот, исправете ја главата и зборувајте. Не само што ќе бидете слушнати, туку и ќе бидете наградени за тоа.

Здравје
Старт, целта ви е на видик. Мај ќе ви покаже дека ако се сака, сè се може и ќе ве увери дека за вас нема невозможни мисии кога се во прашање здравјето и изгледот. Сонцето 20 дена ќе шири топлина во вашата куќа на здравите навики, зголемувајќи ја вашата мотивација и ентузијазам за вежбање.

Сепак, внимавајте при секоја поекстремна физичка активност и преземајте безбедносни мерки за да се заштитите. Ретроградното движење на Марс ќе ве направи склони кон повреди.

По 19 април и Сонцето ќе навива за вас од трибините на вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Нека здравите навики ви станат приоритет.

Јарец

Љубов
Посакајте си романтична желба, а мај ќе ви ја исполни. Група планети ќе танцуваат низ вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето, зголемувајќи ја вашата шармантност. Гламурозниот изглед ќе ви стане секојдневие и ќе ве преплави со комплименти.

Венера, планетата на љубовта и убавината, повеќе од три недели ќе патува во вашиот романтичен сектор, поттикнувајќи ве да заборавите на лудите ноќи со партнерот на гласни места и да поминувате повеќе време во интимна атмосфера. Луксузните задоволства исто така ќе ве привлекуваат, па скапо вино или вечера нарачана од елитен ресторан ќе ги „зачинуваат“ вашите состаноци.

Ако сте сингл, започнете потрага по вашата сродна душа. Голема е веројатноста да ја пронајдете на 6-тиот ден од месецот, кога младата месечина ќе ја осветли вашата 5-та куќа на флертувањето. Погледот ќе ви биде моќно оружје со кое ќе покорувате, па користете го штом ќе си изберете привлечна мета. Младите месечини навиваат за нови почетоци, па ова е одличен ден за да го промените вашиот љубовен статус.

Излезете од вашата сигурна зона и дозволете им на лица со различен карактер од вашиот да ви се приближат по 9 мај. Тогаш среќниот Јупитер преминува во директно движење во вашата 9-та куќа на авантурите. Можно е полека, но сигурно да се заљубувате во лице за кое претходно сте велеле „Не е мој тип“. Очекувајте го неочекуваното.

Доколку стара рана не ви дозволувала да свртите нов лист и да влезете во врска, ќе го пронајдете „мелемот“ за неа на 21 мај, кога ќе настапи полна месечина во вашиот сектор на лекувањата и завршетоците. Можно е да сретнете личност која ќе го избрише непријатното минато од вашата глава и ќе ве охрабри да погледнете во иднината.

На 22 мај комуникативниот Меркур преминува во директно движење во вашата 5-та куќа. Флертувајте со зборови ако сте сингл, бидејќи ќе бидете многу успешни во тоа.

Работа и пари
Претпочитајте ги личните проекти и креативните задачи во текот на мај. Енергичниот Марс речиси цел месец ќе патува во вашата 12-та куќа на самостојната работа и пожртвуваноста. Работете сами, но не се однесувајте како да сте сами. Доколку ви е потребна помош, побарајте ја, бидејќи ретроградното движење на Марс често ќе води до стрес и преуморување.

Ќе бидете личноста со најдобри идеи на работа речиси три недели од месецов, благодарение на престојот на Сонцето во вашата креативна 5-та куќа. Не потценувајте ниту една идеја која се раѓа во вашата глава.

Лицата кои имаат работно место поврзано со организирање на настани или анализа ќе бидат најуспешни во последните 10 дена од мај. Сонцето на 20 мај преминува во вашата 6-та куќа на редот и структурата, па ништо нема да му избега на вашето остро око.

Полека, полека ќе започнете да допуштате и други лица во вашето работно катче во последните 5 дена од месецот, под влијание на престојот на Марс во вашата 11-та куќа на тимската работа и групните активности.

Здравје
Во првата половина од месецов ќе бидете безгрижни и ослободени од мисли како „Дали се хранам здраво?“, „Треба да ослабам“ и слично, но затоа пак тие ќе ви бидат преокупација во втората половина од мај. На 20 мај Сонцето ќе започне едномесечно патување во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, каде 4 дена подоцна ќе му се придружи убавата Венера. Ќе се грижите за себе и ќе ви се допаѓа кога другите го прават тоа.

Речиси цел месец можни се проблеми со спиењето и намалена претпазливост поради ретроградното движење на енергичниот Марс.

Водолија

Љубов
Во текот на мај ќе се чувствувате како да чекорите на облаци, а многумина ќе ве гледаат со воодушевување. Венера, планетата на убавината и хармонијата и Сонцето ќе патуваат низ вашата куќа на женственоста, па разубавувањето ќе ви стане омилена активност, а комплиментите нема да изостанат.

Женските фигури ќе ви го одбележат месецов. Големи се шансите жена да ви даде љубовен совет кој ќе ја однесе вашата љубовна врска на следното ниво или преку ваша блиска да запознаете нов партнер кој ќе одговара на вашите критериуми.

Најжешките моменти очекувајте ги во последните 10 дена од месецот. На 20 мај Сонцето влегува во близнаци, вашиот сектор на страста и флертувањето, означувајќи го почетокот на низа љубовни случувања кои ќе ви го растреперуваат срцето.

Четири дена подоцна, односно на 24 мај, и Венера ќе влезе во вашата романтична куќа, создавајќи идеални услови за нови врски, нови додворувачи или нови страсни авантури со саканиот.

Љубовниот живот ќе ви цвета, а тоа ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ги подигне вашите очекувања од сегашниот или идниот партнер. Не бидете скромни. Барајте и ќе добиете.

Работа и пари
Фокусот ќе го ставите на личниот живот и семејството и помалку енергија ќе вложувате во заработување на финансиски средства. Сепак, тоа не значи дека не ве очекуваат нови моменти на професионален план.

Повеќе планети и Сонцето ќе се движат низ вашиот сектор на жените, па во текот на мај преферирајте го соработувањето со припаднички на понежниот пол. Авторитетна женска личност ќе влезе во улога на ваш ментор и ќе ве испрати на вистинскиот пат кон голем успех.

На 9 мај Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе го прекине своето ретроградно движење, отворајќи ви нови можности за заработка. Доколку во изминатиов период се одложувало потпишувањето на договор за партнерство или купување/продавање на имот, сега ќе го видите финалето и ќе бидете задоволни од резултатите. На некои водолии ќе им биде вратен долг, а други ќе добијат наследство.

На 20 мај Сонцето ќе започне едномесечно патување низ вашиот сектор на креативноста, правејќи ве машина за генијални идеи. Ќе размислувате „надвор од кутијата“, а со тоа ќе привлечете многу деловни сојузници.

Здравје
Грижата за себе ќе ви биде на врвот на приоритетите, под влијание на Сонцето и хармоничната Венера кои ќе патуваат заедно низ бик. Ќе се негувате однадвор и однатре, а тоа ќе се одрази многу позитивно и на вашето физичко и на вашето психичко здравје.

Во текот на мај ќе бидете сталожени и ќе чувствувате внатрешен мир. Намалениот стрес ќе ве радува неизмерно и ќе се чувствувате како преродени.

Многу водолии токму во овој период ќе ги закажат превентивните лекарски прегледи кои долго време ги одложувале.

Риби

Љубов
Време е за забава, време е за дружење, време е за безгрижно лудување. Во првите 20 дена од месецов Сонцето ќе патува низ бик, вашиот сектор на комуникацијата и локалните настани, па вие ќе бидете иницијатор за најдинамичните разговори и најнезаборавните друштвени собири. Најдобро ќе се чувствувате кога ќе бидете опкружени со многу луѓе.

И Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе патува низ бик, носејќи нов бран разбирање и поддршка во вашата врска. Со саканиот ќе функционирате на иста фреквенција, па ќе заборавите што се тоа кавги и недоразбирања.

Не сте во врска? Венера ќе ве поттикне да ги цените елоквентноста и интелектот, што значи ќе ве привлекуваат лица кои знаат добро да се изразуваат и умеат да ве вовлечат во интересна дискусија.

На 9 мај Јупитер, планетата на среќата, ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на партнерствата, рушејќи ги сите пречки меѓу вас и вашата следна голема љубов.

На 20 мај Сонцето ќе започне едномесечно патување низ вашиот сектор на семејството, а четири дена подоцна нему ќе му се придружи и Венера. Во брак сте? Последните 10 дена од месецот ќе почувствувате што значи семејна идила.

Некои риби ќе започнат сериозно да размислуваат за брак и создавање на семејство.

Работа и пари
Никој нема да може да ве победи во преговори, никој нема да може да одржи помоќна презентација од вас, никој нема да може да ве надзборува на работното место. Мозокот ќе ви работи со молскавична брзина и во секој момент ќе го имате најдоброто решение или најдобриот предлог, за што ќе добивате силни аплаузи.

Во потрага сте по нова работа? Ова е идеален период за интервјуа. Ќе се претставувате себеси во најдобро светло.

На 9 мај Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на партнерствата. Очекувајте понуда за соработка која ќе ви го наполни паричникот.

Полната месечина на 21 мај ќе настапи во стрелец, вашиот сектор на кариерата, успехот и долгорочното планирање. Проект во кој вложувавте многу ресурси и време во изминативе неколку месеци сега ќе го доживее својот успех, па ќе се здебели вашиот паричник.

Здравје
Во текот на мај ќе бидете незапирливи. Дури и во моментите кога ќе почувствувате дека сте на работ на истоштување, нема да се штедите. За среќа, многу лесно ќе си ја обновувате енергија.

Некои риби можно е да страдаат од чести главоболки или вртоглавица.

Во последните 10 дена од месецов почесто комуницирајте со припаднички на понежниот пол. Женската енергија ќе ве смирува и ќе ви дава необично спокојство.