Бебешката и детската храна на „Холе“ со ист квалитет секаде во светот

„Сите  житни, овошни, зеленчукови и месни кашички на „Холе“, пирето од овошје и од зеленчук, како и комплетната палета на грицки што се продаваат во целиот свет, се направени од истите органски состојки и според истите рецепти. Нема разлика во производите што се продаваат во Европа, освен поинаква етикета и јазик со кој е испишан производот“, гарантираат од компанијата „Холе“, прв и најстар производител на органска храна за бебиња во светот.

 

Единствено, нагласуваат од оваа компанија, формулациите на млечните формули за доенчиња треба да се приспособат за некои пазари поради разните прописи и барања на земјите, кои се поинакви од регулативите на ЕУ.

 

Компанијата „Холе“ ги применува сите процеси и принципи на органско земјоделство, што со право ја прави прва компанија во светот која во 1951 година доби Demeter-сертификат. Demeter е највисока гаранција за квалитет на еколошки производи и најстрог сертификат што еден производител може да го поседува.

Производните погони на Holle се наоѓаат во Риен, Швајцарија, и во Гринсфелд, Германија.

 

 

Scroll to Top