Брзи пица-мафини

Потребни состојки:

3 јајца
200 гр брашно
200 мл јогурт
100 мл масло
1 прашок за пециво
1 лажиче сол
1 лажиче оригано
100 гр шунка
100 гр топлив кашкавал (ајдамер, гауда)
кечап

Начин на подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата, па додадете ги јогуртот и маслото. Посолете и додајте го ориганото. Полека додавајте го брашното со прашокот за пециво и изматете за да добиете мазна смеса. На крај додадете ги исетно сечканата шунка и изренданиот кашкавал и убаво измешајте.

Во калапите за мафини ставете хартиени корпи, па наполнете ги со смесата. Оставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Кога ќе остинат прелијте ги со кечап и посипете малку оригано. Послужете ги топли.

Scroll to Top