Чизкејк со вишни без печење

Потребни состојки:

За подлога:

400 гр мелени бисквити
100 гр растопено чоколадо за готвење
200 гр путер (маргарин)
2 лажици рум

За филот со сирење:

600 гр крем-сирење
400 мл кондензирано млеко
200 гр шеќер во прав
330 гр вишни од компот
1 ванила
1 лажица сок од лимон
20 гр желатин во прав (прелиен со 10 лажици ладна вода)

За чоколадниот прелив:

1 шлаг-крем од ванила
150 мл ладно млеко
100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Калапот со пречник од 26 см го намрсуваме со масло. Ја подготвуваме подлогата. Ги мешаме со рака бисквитите со растопеното чоколадо и путерот омекнат на собна температура. Убаво ги соединуваме и ги додаваме двете лажици рум. Ја распоредуваме смесата во калапот. Го ставаме во фрижидер додека го подготвуваме филот со сирење. Крем-сирењето со електрична маталка го соединуваме со кондензираното млеко. Го додаваме шеќерот во прав, па ги додаваме вишните кои претходно сме ги поминале со миксер. На крајот додадваме ванила и лимонов сок. Мешаме да се изедначи смесата. Желатинот прелеан со вода го оставаме да набабри 10 минути и на тивок оган го танчиме. Го спојуваме со филот. На крајот го додаваме растопениот желатин и мешаме со миксер. Смесата ја ставаме над подлогата од бисквити и ја ставаме во фрижидер да стои 4-5 часа. Го подготвуваме чоколадниот прелив. Шлаг-кремот се подготвува според упатството на кесичката и се спојува со претходно растопено чоколадо. Кога филот ќе се излади, го прелеваме чизкејкот. Го послужуваме студен.

Scroll to Top