Домашна брза гибаница

Направете брза и лесна гибаница дома.

Потребни состојки:

500 гр готови кори
500 гр сирење
4 јајца
1 шолја јогурт
1 шолја кисела вода
½ шолји масло
1 лажиче сол

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете хартија за печење во плех. Направете го преливот со тоа што ќе ги измешате јајцата со јогуртот, киселата вода, маслото и солта. Првин се матат јајцата, па се става сè друго. Ставете една кора и посипете ја со издробеното сирење. Ставете друга кора и врз неа сирење, па на третата кора и така додека има кори и сирење. Направете ролат и поделете го со мали засеци на 10 дела. Исечените парчиња наредете ги на плех. Ставете го преливот од горе. Печете 40 минути додека не порумени.

 

Scroll to Top