Домашни мини погачици

Потребни состојки:

250 гр брашно тип 400
60 гр путер
1 шолја кисело млеко
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за пециво
1 јајце
сусам
ким

Начин на подготовка:

Се меша брашното со прашокот за пециво, се додава сол и путер и се замесува тесто. Се додава кисело млеко, се замесува усте малку и се остава кратко да отстои. Се растегнува тестото и се прават погачи со чаша. Се редат во подмачкан плех и се премачкуваат со разматено јајце. Се ставаат сусам и ким одозгора и се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Од една смеса излегуваат околу 30 мали погачи.

Scroll to Top