Француски компир со сланина

Доколку сакате да подготвите брз ручек, ви го препорачуваме следниот рецепт.

 

Потребни состојки:

800гр компири

1 кромид

4 варени јајца

1 свежо јајце

Сланина

1 чаша кисела павлака

Сол, бибер и зачини по желба

 

Подготовка:

Компирите и јајцата сварете ги одвоено. Кога ќе бидат готови исечете ги на тргалца. Сланината и кромидот исечете ги на коцки и пропржете ги на масло неколку минути. Во керамички сад ставете ред компири, ред јајца, ред од сланина и кромид. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките. На крајот прелијте со кисела павлака. Печете на 200 степени додека компирот не добие крцкава кора.

Пред да го послужите, можете да изрендате кашкавал или да ставите пармезан по желба.

 

Scroll to Top