Италијанско тирамису по рецепт на Софија Лорен

Италијанската актерка Софија Лорен ја објави книгата „Рецепти и мемоари“ во која, меѓу другите, може да се најде и рецептот за нејзиниот омилен колач – тирамису.

Потребни состојки:

180 гр маскарпоне сирење
80 гр црно чоколадо
3 јајца
5 лажици шеќер
40 пишкоти
250мл инстант кафе
250мл ликер од портокал
60 гр какао

Начин на подготовка:

Разматете ги жолчките со шеќер, а во посебен сад матете ги белките додека да добиете цврста смеса. Во изматените жолчки додајте маскарпоне сирење, а потоа и снегот од белки и добро измешајте. 20 пишкоти наредете ги во сад, па навлажнете ги со ликер и кафе. Преку нив ставете го филот, па нарендајте чоколадо. Постапката повторете ја уште еднаш, а на крај додајте какао.

Scroll to Top