„Кока-кола“ торта без јајца и брашно

Потребни состојки:
600 гр плазма
250 гр маргарин
200 гр желе
100 гр чоколада
100 гр суво грозје
500 мл „кока-кола“
200 гр шеќер во прав
200 гр шлаг

Начин на подготовка:
Изматете ги маргаринот со шеќерот во длабок сад, па додајте ги плазмата, желето, чоколадото и сувото грозје. Додавајте малку по малку од „кока-колата“ да се соедини. Од смесата обликувајте колач, па украсете го со шлаг. Доколку сакате, можете да го декорирате со овошје.

Scroll to Top